Мување vs. Врска: Што можеме да научиме од слободните врски?

Мувањето е лесно и забавно. Врските бараат време и посветеност. Факт е дека постојат големи разлики меѓу овие две нешта и дека на различни луѓе различно им одговараат, но што е подобро? Дали мувањето покрива некој аспект кој врските не го покриваат?

0-flert-vs-vrska-shto-mozheme-da-nauchime-od-flertot-kafepauza.mk

1. Секој заслужува почит

МОРА да се почитувате себеси. Нема ништо поважно од тоа. Без разлика дали се мувате или сте во врска со личност која не ве почитува и се однесува лошо кон вас, вие мора да ставите крај на тоа. Вие сте личност која заслужува многу повеќе од тоа некој да ве третира како ѓубре. Не значи дека ако сте заљубени во некој дека тој/таа ве поседува. Почитта е основно човеково право, а не привилегија и ако не ја добивате, тогаш за жал ќе мора да продолжите понатаму. Ако се мувате со некој кој не ви возвраќа со почит – најдобро е уште веднаш да престанете да го правите тоа и да ѝ ставите крај на таквата „врска“.

2. Никогаш нема да го добиете тоа што сакате ако глумите некој друг

Мора да им верувате на своите инстинкти за да ја постигнете целта, но уште поважно е да ги слушате. Кога сте во сериозна врска лесно е да се бидете искрени за вашите потреби, но при мување, честопати ги потиснуваме нашите желби поради страв дека ќе ја изгубиме личноста со која се забавуваме без обврски.

Мувањето е само кратка забава која не смее да ни го диктира начинот на изразување. Мора да се чувствуваме удобно во врска со нашите желби и потреби – и да се чувствуваме уште поудобно кога треба да ги изразиме. Само така ги за добиваме сите предности од ваквите „врски“.

3. Учите како да си ги контролирате чувствата

Кежуал врските поттикнуваат преголема свесност во поглед на емоциите и нивното доживување. Во врските потклекнуваме на подлабоко ниво на емоционална утеха, која носи силни чувства – лутината не е само лутина, туку е збеснување, а тагата брзо преминува во депресија. При мувањето ние ги контролираме чувствата наместо тие да нè контролираат нам.

4. Кога доаѓа крајот на мувањето, на сцена настапуваат високите стандарди

Изложеноста на различни типови мажи/жени е тоа што ни помага да ги изградиме нашите стандарди. Во кратките врски без обврски не учиме само што нѐ привлекува туку и како сакаме да бидеме третирани. Страсниот флерт не е многу различен од крајот на врската. И од двете се учи, се закрепнува и се цели повисоко. Факт е дека не се цениме доволно – ние сме многу поотпорни отколку што мислиме.

5. Мувањето нѐ учи на баланс помеѓу секојдневниот и љубовниот живот

Во врските, особено на почетокот, често се губиме и целосно се предаваме на другата личност. Но, нашата склоност кон губење на идентитетот во врските не нѐ прави послаби луѓе – тоа нѐ чини само луѓе. Кога сме млади, сѐ уште го градиме нашиот идентитет. Во таквиот период, врските ни изгледаат како голема обврска, па затоа се посветуваме на кратките „излети“. Целта на мувањето е забава, а не вистинска љубов, па затоа на него трошиме помалку време и помали се шансите да се дефинираме врз база на тоа.

6. Преку мување можеме да дознаеме многу за партнерот

Човекот не го издаваат големите и грандиозни гестови, туку малите нешта кои тој постојано ги прави. Без разлика дали ве носи на луксузни вечери или не, времето поминато со мувачот е добро потрошено време затоа што сепак можете да го утврдите нивото на неговиот интегритет. Само затоа што не излегувате официјално тоа не значи дека нема да научите кое негово однесување е во ред, а кое не е.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар