Мудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благослов

Фил Босманс бил белгиски свештеник и писател чии книги биле преведени на повеќе од 20 светски јазици. Неговата прва книга „Што му недостасува на човекот?“ доживеала голем успех и ја пренела мудроста на Босманс, чија цел била да ја шири „културата на срцето“ и да им помага на луѓето. Во продолжение, прочитајте ги неговите мудри зборови за значењето на животните кризи…

Мудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благослов

Пријатели, кризите се еден вид породилни болки.

Кризите се знак на тревога.

Главоболките предизвикани од непроспиените ноќи се сигнал дека треба да размислите за вашиот начин на живот.

Болките во стомакот се предупредување дека треба поинаку да се храните.

Кризите во богатите земји се како болки во желудникот, последица од материјалната презаситеност.

Ја разоткриваат нашата вистинска криза: Празнина на духот и осиромашување на срцето.

Можеме да си купуваме помалку работи, можеме да се дозволиме помалку раскош. Дали е тоа катастрофа или благослов?

Како завршуваат кризите? Постојат 2 можности.

Или доаѓа до катастрофа поради поединците или владетелите кои ги бранат своите интереси со сите можни средства.

Или доаѓа до промена на животниот став: Законот на посилниот не го одредува законот на трговијата.

Конечно се земаат предвид слабите и беспомошни луѓе.

Дали ќе научиме од кризите дека со помалку можеме да стигнеме многу подалеку?

Кризите може да бидат благослов,

Тие ни овозможуваат да размислиме за вистинските животни вредности.

Што ни е навистина важно?

Во продолжение, прочитајте ги и мудрите зборови на Ал Пачино.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар