Мрзеливите девојки најдоа спас: Трикови и совети за полесна нега и убавина

Колку пати ви се случило да се вратите дома, да бидете преморени и да ве мрзи да ја избришете целата шминка од вашето лице? Или пак, колку пати ви потпораснале надградените нокти, а вие сте биле премногу мрзливи да ги покриете со уште еден слој лак? За тоа да не ви се случува во иднина, денес ви откриваме неколку трикови за нега и убавина кои се идеални за сите мрзеливи девојки.

1-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Држете го лосионот за отстранување шминка веднаш до креветот, за да немате изговор зошто не ја избришавте шминката пред спиење. Зошто е ова важно? Затоа што спиењето со шминка на лицето може да предизвика разни оштетувања и промени на кожата. Без разлика на тоа колку сте уморни, не прескокнувајте го бришењето на шминка пред спиење, бидејќи тоа е единствениот начин вашата кожа да биде долго време здрава и негувана.

2-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Кога ќе ви потпорасне надградбата на ноктите, преминот прикријте го со светкав лак кој ќе создаде омбре ефект на вашите нокти. Тоа можете да го постигнете така што ќе помешате безбоен лак и светки или со густ светкав лак, кој на вистински начин ќе го прикрие преминот.

3-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Доколку немате време вашата подлога, течна пудра или некој друг препарат да се исуши, искористете го фенот за да го забрзате процесот. Секако, во ваква ситуација ви е потребен ладниот воздух, а фенот со сигурност ќе го забрза процесот на сушење.

4-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Доколку сè уште немате прецизна рака додека го нанесувате ајлајнерот, користете стапче за уши и лосион за да го отстраните вишокот. На овој начин не мора да се грижите дали некаде ќе погрешите или не.

5-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Кога во текот на шминкањето ќе останете без ајлајнер, искористете ја маскарата. За тоа ви е потребна тенка четка со која ќе земете тенок слој од четката за маскара.

6-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Ако сакате визуелно да ги зголемите вашите очи, за тоа користете молив за очи во крем нијанса, кој ќе го нанесете по должина на долната линија на окото. Со овој трик не само што визуелно ќе ги зголемите вашите очи, туку ќе им дадете додатен сјај.

7-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Доколку вашата коса е слепена, искористете го чешелот за да ѝ го дадете потребениот волумен. Тоа ќе го постигнете така што прамените од косата благо ќе ги натапирате на темето, а потоа ќе ги ставите на едната страна.

8-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Ако сте ја измиле косата, а немате сила ниту волја да ја исушите, најдобро нешто што можете да направите е да ја заврзете во пунџа. Со оваа пунџа можете и да преспиете, а кога косата ќе ви биде сува, доволно ќе биде да ја пуштите и благо да ја протресете со прстите.

9-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

Девојките кои сакаат да имаат брановидна коса, тоа можат многу едноставно да го постигнат. Доволно е само да исплетете ниска плетенка (ако вашата коса е тенка немојте премногу да ја стегате) и следното утро, да ја отплетете. Така ќе добиете преубави бранови.

10-mrzelivite-devojki-najdoa-spas-trikovi-i-soveti-za-polesna-nega-i-ubavina-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар