Можете ли да погодите кое е омиленото место за секс на мажите?

Можете ли да погодите кое е омиленото место за секс на мажите?

Не станува збор ниту за спалната соба, ниту за кујната. Верувале или не, едно ново истражување кое било спроведено од страна на компанија за производство на презервативи ни покажува дека дури 73% од мажите потајно посакуваат секс под туш.

Можете ли да погодите кое е омиленото место за секс на мажите?

Иако можеби водењето љубов на кујнската маса или на мекиот тепих пред каминот ви звучи секси, најмногу поради начинот на кој секс сцените на овие места се прикажани во филмовите, сепак голем дел од мажите тврдат дека сексот под туш е едноставно незаменлив.

Од друга страна пак, како ви изгледа сексот во тоалет во авион? Дури 62% од мажите попрво би одбрале секс под туш одошто во тоалет во авион, што изгледа за голем број жени е една од најголемите фантазии. Кога подобро ќе размислиме, можеби опсесијата на мажите со сексот под туш и не е толку бесмислена… Вие секако би се туширале по односот, па зошто да не го направите тоа истовремено?

Мажите кои имале однос на ова место во домот тврдат дека тоа е создадено за страст и уживање, а дури 81% од нив би сакале повторно да го искусат. Кога станува збор за сезоната која е најидеална за оваа активност, 56% од нив се сложиле дека летото е дополнителен бонус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар