Можеби токму погрешната одлука е тоа што ви било потребно во тој момент

Секој од нас прави грешки и тоа е нормално, затоа што пред сѐ, ние сме луѓе. Кога ќе погледнете наназад во минатото и ќе го видите патот кој би требало да го изберете, тој може да ви се чини едноставен и јасен. Но, никогаш не е така како што изгледа. Зошто да ги согледувате само работите кои можеле да излезат добро, притоа не споменувајќи си дека на тој пат можевте да се сретнете со нешто што ќе тргне наопаку?

Можеби токму погрешната одлука е она што ви е потребно во даден момент

Не заборавајте дека постои причина што сте го избрале токму тој пат, за кој подоцна жалите. Не заборавајте дека сте имале потреба што можела да биде задоволена само со тој избор. Можеби таа потреба била нешто материјално, како на пример повеќе пари или повеќе безбедност, па на крај, ако не успеете, лесно е да претпоставите дека сте требале да изберете поинаку. Но, најчесто луѓето жалат за нешто нематеријално. Тие жалат за среќата, за исполнувањето, за авантурите и страстите. А овие потреби потешко може да се измерат и секогаш постои ризик, без разлика кој пат ќе го изберете за да ги добиете. Па, лесно е да погледнете назад и да претпоставите дека сте требале да изберете друга опција, дека другиот пат бил појасен и подобар. Но, сетете се дека за овој ваш избор вие сте имале причина, дури и тоа да било поризично и помалку логично. Дури и ако ви се чини дека другиот пат би ви ги дал сите потребни нешта, сепак, тој не би ви го дал најважното: Мирот во вашиот ум.

Можеби токму погрешната одлука е она што ви е потребно во даден момент

Дури и ако со другиот избор би биле поздрави, побогати и помудри, вие не би можеле целосно да уживате во тоа, затоа што некои делови од вас секогаш ќе мислат на останатата опција и вие ќе се мразите самите поради таа своја одлука. Во секој случај, патот кој не сте го избрале ќе ве прогонува, поставувајќи ви илјадници прашања што би било доколку вашиот избор би бил поинаков. Но, вистината е дека секогаш го избирате она што најмногу ви треба во моментот, она што ви дава најголема надеж. Можеби работите нема да бидат онакви какви што сте ги замислувале, но тоа не значи дека сте направиле погрешна одлука, туку дека си овозможувате самите да научите некои животни лекции. Можеби нема да ви се допаѓа изборот што сте го направиле, но секогаш сте во можност да учите од него и тие лекции никогаш не се бескорисни. Затоа, без разлика кој и да е вашиот избор, тој е вистинскиот, затоа што во еден момент сте чувствувале потреба и надеж од него. Ако не добиете ништо друго, секогаш се тука животните лекции кои понатаму ќе ви служат во животот.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар