8 знаци дека заслужувате отказ од работа

Можеби е до вас! Ова се знаци дека заслужувате отказ од работа

Постојат лоши шефови на кои секој сака да се жали, но постојат и лоши работници со кои никој не сака да губи нерви и пари. Овие 8 знаци ќе ви покажат дали сте еден од нив и дали правите нешто поради кое заслужувате да бидете отпуштени од работа.

8 знаци дека заслужувате отказ од работа

1. Не ги исполнувате очекувањата

Вашата компанија или државен орган има одредена цел за која постои, а вашето работно место е делче од мозаикот кое треба да функционира за да се исполни таа цел. Ако вие не ги исполнувате основните очекувања на работодавецот поврзани со работните задачи кои ги работите под претпоставка дека не се обидува да ве „исцеди“, тогаш некој друг повеќе го заслужува тоа работно место.

2. Сте станале непослушни

Надредениот е оној кој управува со подредените, им дели задачи и одговара за ефикасноста во работата. Факт е дека надредените не се секогаш најпаметните луѓе на светот, но доколку вие во секоја ситуација се обидувате да им се спротивставите и ги озборувате кога ќе го свртат грбот, тогаш сте ја преминале линијата.

3. Не се приспособувате на промените

Промените се неопходни во денешниот динамичен свет, а работникот е должен да се приспособи на нив. Тој не треба да ја кочи својата компанија и затоа треба да биде заменет ако одбива да ги прифати промените.

4. Ви фали мотивација

Недостатокот на мотивација е добра причина за самите да си заминете од работното место затоа што тоа очигледно не е добро за вас. Добриот работник треба да поседува доволен интерес за извршување на работните задачи.

5. Губите време на работа

Одењето на работа не е за да сурфате на интернет, да редите карти на компјутерот или да ги продолжувате кафе паузите со колегите додека озборувате. Зарем кога би биле шеф вие би држеле таков „работник“ кај вас на работа?

6. Не се вклопувате во тимот

Можеби ги имате потребните знаења и вештини за извршување на задачите, но морате да се потрудите и да се сложувате со колегите. Сигурно има и некој друг со вештини како вашите и кој повеќе сака да соработува.

7. Постојано се расправате со сите

Ако никој не се согласува со некоја ваша идеја, тогаш време е да се повлечете. Можеби сте во право, но ако продолжите да се расправате со сите за тоа како вие постојано сте во право, само ја забавувате работата.

8. Го нарушувате угледот на компанијата или државниот орган каде што работите

Доколку им се дерете на луѓето кои доаѓаат кај вас на шалтер или купуваат од вашата компанија, или правите нешто слично и неодговорно кое го нарушува угледот на местото каде што работите, вие дефинитивно заслужувате отказ.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар