Мотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбање

„Од утре почнувам со вежбање,“ „Неделава ќе врне, ќе почекам подобро време,“ „Ми се јави другар/ка ми за на кафе, нема да имам време за вежбање денес…“ – ова се само неколку од секојдневните оправдувања со кои се „вадат“ поголемиот дел од оние кои се убедуваат себеси да почнат со вежбање.

Не е тајна дека вежбањето не ни е секогаш омилениот дел од минатото. Но, сепак сите ние знаеме дека од него имаме само придобивки. Најтешкиот дел е одлуката да се започне од почеток. Пронајдете ја вашата внатрешна сила и решителност преку овие мотивациски цитати кои се наменети да ви помогнат при одлуката конечно да започнете со вежбање.

Мотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбање

„Вчера рече утре.“ – Најк

„Без разлика колку споро се движиш, сепак си побрз од оние кои седат на каучот.“ – непознат автор

„Човекот сам си ги поставува ограничувањата, не прави го тоа.“ – Ентони Бејли

„Болката е привремена. Откажувањето трае цел живот.“ – Ланс Армстронг

„Линијата на финишот е само почеток на нова трка.“ – непознат автор

„Трчањето е најголемата метафора за животот, бидејќи од него го добиваш она што во него си го вложил.“ – Опра Винфри

„Единствениот хендикеп во животот е лошиот став.“ – Скот Хамилтон

Мотивациски цитати кои ќе ве охрабрат да започнете со вежбање

„Не станува збор за тоа дали ќе те соборат, туку за тоа дали потоа ќе станеш.“ – Винс Ломбарди

„Не постои такво нешто како лошо време, само слаби луѓе.“ – Бил Бауермен

„Страст е кога нема никој околу мене, кога сме само јас и патот и самиот се бодрам себеси да продолжам.“ – Рајан Шеј

„Вежбај! Немаш време да НЕ го правиш тоа.“ – непознат автор

„Трчањето е 80% психичка работа.“ – Џоан Беноа Семјуелсон

„Никој, никогаш не се удавил во пот.“ – непознат автор

„Опседнатост е само збор кој мрзливите го употребуваат за да ги опишат посветените.“ – Расел Ворен



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар