Мора да ги знаете овие шопинг трикови доколку купувате од eBay!

Во теорија eBay звучи совршено – безброј работи по разни цени, обично пониски од оригиналните… Но, секој кој барем еднаш купувал од таму знае дека во пракса не е сѐ така сјајно. Количината на производи може да биде навистина застрашувачка, поради што многумина брзо се заморуваат и се откажуваат од потрагата. Но, постојат неколку шопинг трикови кои ги намалуваат тие маки, а ги штедат вашите нерви и пари. Еве кои се тие:

1-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_

1. Пребарувајте ги и погрешно напишаните зборови

Грешки им се случуваат на сите, па така и луѓето кои продаваат работи на еBay може случајно наместо „Gucci“ да напишат „Guci“ или Manolo со две „л“, што за вас може да значи лов од соништата. Затоа, кога следниот пат ќе барате поволна Шанел чанта пробајте да ги побарате и погрешните варијанти на името на брендот, бидејќи можеби така ќе го пронајдете посакуваното парче по одлична цена, кое на другите ќе им избега само поради правописот.

2-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_

2. Купувате веднаш

И додека на некои eBay им е занимлив поради аукциите и адреналинот кои им го овозможуваат, поголемиот дел од луѓето сакаат да го купат она по што дошле по некоја разумна цена. Ако сте во другата група, тогаш секогаш пребарувајте со филтерот „Buy it now“, бидејќи така ќе ви се прикажат оние производи кои можете да ги купите без да се натпреварувате со другите за нив.

3. Купувајте додека другите спијат

Ако сепак ги сакате аукциите, тогаш би требало да бидете паметни при изборот на времето во кое ќе го извршите шопингот. Избегнувајте ги часовите кога поголемиот дел од луѓето се будни и подобро купувајте во текот на ноќта, исто како и на големите празници. На пример, за Велигден сигурно на веб-сајтот ќе бидат значително помалку луѓе отколку во некој обичен ден, што веднаш значи и помала конкуренција при ценкањето. Но имајте на ум дека корисниците на eBay се претежно Американци, така што треба да ја следите нивната временска зона и нивните празници.

3-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_

4. Вклучете ги извезувањата

Ако барате одредено парче кое моментално не е достапно ни во понудата на eBay; напишете го во пребарувачот и кликнете на опцијата „Follow third search“. Така ќе ги активирате известувањата и eBay ќе ви испрати порака кога производот ќе биде на понуда, како и кога ќе се намали неговата цена, односно ќе ги следите сите новости за пребаруваниот поим.

5. Не дозволувајте да се излажете со цената

Пред да купите нови патики, проверете за колку пари претходно се продавал тој производ. Тоа ќе го направите така што при пребарувањето од левата страна на екранот, на самото дно, од понудени филтри, ќе кликнете на „Sold listings“. Така ќе можете да ја споредите цената која активниот продавач ја бара од вас со цената по која досега се продавани истите парчиња и нема да бидете насамарени. Тогаш можете слободно да се обидете да се нагодите со продавачот или едноставно да чекате некоја подобра и пореална цена.

5-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_

6. Плаќајте со PayPal

При секое купување задолжително малку истражете го продавачот, за да ги избегнете веќе познатите измамници, но и како дополнителна сигурност, најдобро е да купувате со PayPal. Тогаш сте осигурани со полисата за враќање на парите во случај на некоја грешка на eBay.

7. Секогаш преговарајте

Најдобро е да го замислите eBay како еден огромен онлајн пазар, каде што секогаш вреди да се обидете да ја намалите цената. Дури и кога продавачот ќе ве одбие уште на почетокот, знаете дека сте се обиделе и дека не сте го пропуштиле на некој друг она што сте го сакале, без да се ги искористиле сите опции. И запомнете, секогаш вреди да бидете пристојни, бидејќи не се вели залудно дека убавиот збор и железни врати отвора.

4-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_

Доколку се одлучите да купувате од некој друг веб-сајт, добро би било да ги знаете и овие корисни совети за безбедно онлајн купување.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар