Мора да ги испробате: 6 домашни маски за лице за блескава кожа!

6 одлични домашни маски за лице за блескава кожа

Имате две можности: Или ќе пронајдете некои рецепти за домашни маски за лице што не знаете кој ги измислил, ниту пак дали се добри за вашата кожа, или пак можете да ги послушате советите од проверениот експерт за нега на кожата, Адина Григор, и да ги испробате нејзините маски за лице што ќе ја направат вашата кожа блескава! Веруваме дека ќе ја изберете втората опција, па затоа, да започнеме…

Какао

Потребни состојки:
  • 4 лажички какао во прав
  • 1/2 лажичка морска сол
  • 2 лажички маслиново масло

Зошто токму овој рецепт? Какаото е одличен антиоксиданс кој ќе го спречи оштетувањето на кожата, морската сол ги убива бактериите и одлична е против дамките на кожата, а маслиновото масло нежно ќе дејствува врз вашата кожа.

Портокал

Потребни состојки:
  • 1 лажичка домашен или купечки органски мајонез
  • 1 лажичка свеж сок од портокал
  • 2 лажички пченкарно брашно

Зошто токму овој рецепт? Мајонезот ќе ја нахрани и омекне кожата, сокот од портокал ќе ја маскира миризбата на мајонезот, а освен тоа тој е богат и со витамин Ц, а додека пченкарното брашно прави одличен пилинг и го апсорбира вишокот на маснотии.

Леблебија

Потребни состојки:
  • 1 лажичка брашно од леблебија или пире од варена леблебија
  • „Великодушен“ прстофат куркума во прав
  • 1 лажичка вода

Зошто токму овој рецепт? Леблебијата е одлична за детоксикација на кожата, таа ги неутрализира слободните радикали и дава нова енергија на кожата, додека куркумата ја намалува маснотијата и ги лечи лузните (особено оние кои се создадени од акни) и не, таа нема да ја бојадиса вашата кожа во жолто!

3-mora-da-gi-isprobate-6-domashni-maski-za-lice-za-bleskava-kozha-www.kafepauza.mk_

Тиква

Потребни состојки:
  • 60 грама полномасен грчки јогурт
  • 1 лажичка мед
  • 60 грама пире од тиква
  • 1 лажичка мелено ленено семе

Зошто токму овој рецепт? Оваа сезонска маска е одлична кога станува збор за отстранување на мртвите клети и за отворање на порите. Ленот е одлична замена за пилинг во физичка смисла, а ензимите од тиквата и лактозата во јогуртот се одлични за хемиски пилинг. А медот? Совршена хидратација!

Кафе

Потребни состојки:
  • 1-2 лажички свеж талог од домашно кафе
  • 1/2 лажичка црвена или зелена глина
  • 1 лажичка кокосово масло
  • Малку вода

Зошто токму овој рецепт? Кофеинот ги стимулира клетките на кожата, глината прави одлична детоксикација и ги чисти порите, а кокосовото масло е благо и нежно за вашата кожа.

Авокадо:

Потребни состојки:
  • 1 лажичка брашно од кафеав ориз
  • 1/2 авокадо
  • 1 лажичка свеж сок од јаболко

Зошто токму овој рецепт? Оризот ќе го впие вишокот маснотии, авокадото ќе го спречи нивното повторно создавање, а сокот од јаболко ќе допринесе сето ова да има поголем ефект. Значи, нежна маска за доста масна кожа. Сјајно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар