Момците откриваат: Како препознаваат која девојка е за сериозна врска, а која само за една вечер?

Кога барате некој за сериозна врска постојат повеќе критериуми кои личноста треба да ги исполнува. За да се открие дали таа личност е вистинската треба да се препознаат особините што ја одликуваат. Некои од нив се видливи на прв поглед, но некои избиваат на површина дури подоцна. Сигурно се прашувате како момците проценуваат дали девојката е личност со која би сакале да се оженат, или, пак, некоја со која би поминале само една вечер. Ова се одговорите на неколкумина…

Момците откриваат: Како препознаваат која девојка е добра за сериозна врска, а која само за една вечер?

Кога излегувате на прв љубовен состанок со девојка, дали се надевате дека ќе ја најдете вашата идна сопруга, пријателка или сексуална партнерка? Зошто?

„Не би рекол ‘сопруга’ бидејќи тоа звучи чудно, но барам партнерка за сериозна врска со која ќе се гледам често и ќе комуницирам секојдневно. Сакам вистинска поврзаност која ќе трае.“

„Вообичаено барам секс, но понекогаш и пријателка и секс. Можам да бидам пријател со девојки, но обично сакам да спијам со моите пријателки. Го сакам сексот и женското тело.“

„Барав пријателство и секс. Уживам во сексот, но не поминувам многу време во тоа. Така што пријателството е многу важно. На крајот се оженив со мојата најдобра пријателка.“

„Не очекувам ништо посебно. Го сакам сексот и сакам да знам кога е во игра. Но, љубовта и пријателството не зависат од сексот. Не би рекол ‘сопруга’ бидејќи не сакам да се женам. Тоа не ми значи многу.“

„Пријателка. Никогаш не сум помислил дека е можно да ја најдам мојата идна сопруга, а идејата за секс без емотивна поврзаност и интимност не ме привлекува.“

„Што и да најдам ќе бидам задоволен. Секако дека евентуално би сакал сопруга, но не би одбил ниту секс без обврски или пријателство.“

„Пријателка. Да барам сопруга малку ми делува како избрзано, бидејќи изгледа како да не се фокусирам на сегашноста и да не наоѓам среќа во моменталните пријателства и врски. Исто така не барам секс од слични причини, иако тоа може да е последица од минатите трауми поради што имам проблем со градење доверба.“

„Пред сѐ пријателка. Мислам дека не би можел да имам секс со некој кој не можам да го замислам како пријател и дефинитивно не би можел да се оженам со некој кој не ми е пријател.“

Момците откриваат: Како препознаваат која девојка е добра за сериозна врска, а која само за една вечер?

Колку време ви треба да процените во која категорија припаѓа една девојка?

„Обично можам да проценам помеѓу еден или два љубовни состаноци. Секој кој тврди дека може да направи проценка за неколку секунди е површен и веројатно не го бара истото што и јас.“

„Околу 30 секунди.“

„Не ги ставам луѓето во категории. Дозволувам врската сама да се развива. Се водам според чувствата. Ако ми се чини дека нема да се согласуваме, ќе прекинам учтиво. Ако ми изгледа како девојка со која би сакал да имам секс, ќе се обидам да го остварам тоа. Потребно ми е повеќе време да одлучам дали би сакал врска. Што се однесува до пријателство, никогаш не барам само пријателка, но потребно е да постои пријателство за да можам да се гледам со некоја девојка. Се чувствувам лошо ако имам секс со некоја што не ми се допаѓа.“

„Лесно беше, со оглед на тоа дека никогаш не сум барал само секс.“

„Различно е со секоја девојка. Чувството почнува да ми се развива по 8 или 10 часа дружење.“

„Секогаш очекувам дека ќе најдам пријател. Сѐ повеќе од тоа би барало разговори кои ги преминуваат моите граници. Поголемиот дел од мојот живот сум бил асексуален и незаинтересиран за љубов, така што не знам како изгледа тоа да бараш сопруга на љубовните состаноци.“

„Неколку љубовни состаноци и можеби подолги разговори.“

Момците откриваат: Како препознаваат која девојка е добра за сериозна врска, а која само за една вечер?

Кои се главните разлики помеѓу девојките со кои излегувате поради секс и девојките со кои се надевате дека ќе развиете нешто повеќе?

„Прашањата. Ако таа ми поставува прашања и јас ѝ поставувам прашања нејзе, тогаш значи дека сакаме да се запознаеме и не бараме само секс.“

„Најчесто интелигенцијата. Мора да размислува со своја глава за да биде повеќе од обична сексуална играчка.“

„Тоа не се различни категории за мене. Одам на љубовни состаноци за да создадам пријателства кои можеби би содржеле секс.“

„Се надевам дека секој љубовен состанок ќе заврши со барем обичен секс, но отворен сум и да останам пријател со сите нив.“

„Никогаш не сум излегувал со некого само за секс. Имав еднаш една авантура, но да не нѐ разделуваше далечината веројатно би продолжиле да се гледаме.“

„Нема никаква разлика на почетокот. Но, ако девојката сака само секс и ништо повеќе, веројатно би продолжил да се гледам со неа бидејќи немам ништо против таквиот однос.“

„Прашањево ме прави нервозен, навистина не можам да ја препознам разликата.“

„Не излегувам на љубовни состаноци за секс. Тоа е нешто што доаѓа природно помеѓу двајца пријатели кои меѓусебно се привлекуваат.“

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар