Момци, вака се губи интелигентна девојка!

Вие ја губите интелигентната девојка така што се „исклучувате“ и мечтаете додека таа ви зборува. Со тоа што не обрнувате внимание на зборовите што ги изговара, без разлика дали станува збор за тоа како си го поминала викендот или за интересната статија што ја прочитала. Вие ја губите бидејќи сте лош слушател.

momci-vaka-se-gubi-inteligentna-devojka-www.kafepauza.mk

Вие ја губите интелигентната девојка така што ја задржувате во место, бидејќи се жалите за долготрајноста на нејзиното работно време и бидејќи редовно барате од неа да се откаже од своите соништа за вас. Со тоа што ја терате да даде отказ наместо да ја охрабрувате да биде она што таа навистина сака да биде да биде.

Вие ја губите интелигентната девојка така што одбивате да го проширите своето знаење. Одбивате да ја прочитате нејзината омилена книга или ѝ велите дека љубовниот состанок во музеј би бил премногу здодевен. Вие ја напуштате собата кога ќе пушти документарен филм што таа најмногу на светот би уживала доколку го гледа со вас наместо сама.

Вие ја губите интелигентната девојка така што ѝ праќате пораки со само еден или два збора. Наместо да го преземете водството во разговорот со неа, вие ги криете своите мислења и ги игнорирате нејзините. Ја губите и поради тоа што попрво би лежеле на каучот наместо да разговарате на длабоки и значајни теми.

Вие ја губите интелигентната девојка така што се движите со брзината на полжавот, па одбивате да ги запознаете нејзините родители, а не ја претставувате ни на вашите пријатели. Исто така се однесувате со неа како да сте супериорни, како да знаете повеќе од неа, а вистината е дека само го храните своето его.

Вие ја губите интелигентната девојка така што се однесувате со неа како да ви е втор избор, па ѝ ги игнорирате повиците, чекате со часови да ѝ одговорите на пораките и ѝ откажувате состаноци во последен момент без да ѝ дадете никакво предупредување. Ја губите и со неверството, со оддалечувањето и со кршењето на нејзиното срце.

Интелигентните девојки го заслужуваат вашето целосно внимание и ако сакате да ги задржите покрај себе, мора да се грижите и за нивниот ум. Подарете им љубов и почит, активирајте го нивниот ум со значајни разговори и слушајте ги кога ви зборуваат – нема подобар начин да им покажете дека го цените нивното присуство во вашиот живот.

Прочитајте и како ја губите девојката што сака да биде ваша!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар