Момци, потрудете се: Жените открија како да ги доведете до оргазам!

Женскиот оргазам е глобална мистерија. Мажите никогаш не можат да бидат 100 проценти сигурни дека нивните партнерки ќе доживеат оргазам, ниту пак постои техника која тоа го гарантира. Но, едно е сигурно, кога жената не доживува оргазам, тоа е голем удар за машкото его.

momci-potrudete-se-zhenite-otkrija-kako-da-gi-dovedete-do-orgazam-kafepauza.mk

Момците кои не се себични, сакаат и важно им е нивната партнерка да го доживее врвот, но доста мажи не сфаќаат дека жените можат да уживаат во сексот дури и ако не дојдат до клучната точка.

Отприлика една четвртина од жените редовно постигнуваат оргазам во текот на полов однос. Но, проблемот е во тоа што на жените им е потребно многу повеќе од пенетрација на пенисот во времетраење од 5 минути.

Што треба да прават жените?

За да им олеснат на своите партнери, многу жени одговориле што им е потребно за да постигнат оргазам, на анкета поставена на askmen.com.

Најпопуларниот одговор, скоро 60%, е воедно она што и најтешко се постигнува – деликатна стимулација на клиторисот со истовремена пенетрација.

Потоа, 18% од жените кои учествувале во анкетата изјавиле дека никогаш немале оргазам. На 7,7% за оргазам им треба вибратор, додека 7,04% мораат да размислуваат за нешто секси.

А мажите?

Вештината која секој маж би требало да ја совлада во кревет е да знае како правилно да го стимулира клиторисот на партнерката. Но, што е правилно? Секоја жена сака различни работи, а единствен начин да откриете што ѝ одговара е заедно да дојдете до тоа сознание. Пред да ја усовршите техниката за стимулација на клиторисот, прво посветете се на орално задоволување и стимулација со рака. Експертите советуваат дека најдобрите пози за стимулација на клиторисот се кога жената е врз партнерот и кога тој ѝ е одзади.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар