Момци, ова се 25-те нешта што девојките потајно ги сметаат за неодоливо привлечни кај вас

Момци, ова се 25-те нешта што девојките потајно ги сметаат за неодоливо привлечни кај вас

Постојат многу нешта што ги привлекуваат жените, од кои повеќето тие и гласно би ги признале. Но, тука станува збор за ситници што имаат моќ да го освојат нејзиното срце и да направат да ве засака повеќе од кога било претходно. Ако добро одиграте, таа можеби дури и засекогаш ќе остане покрај вас. Погледнете што треба да направите…

Момци, ова се 25-те нешта што девојките потајно ги сметаат за неодоливо привлечни кај вас

1. Кога ги прекривате со ќебе откако непланирано ќе задремат.

2. Кога користите големи и стручни зборови во обичен разговор.

3. Кога барате да се свртат околу себе откако ќе влезат во просторијата во нов фустан.

4. Кога мирисате на колонска вода.

5. Кога носите костум со отпуштена вратоврска.

6. Кога при прегратката ги подигнувате во воздух.

7. Кога ќе поминете со прстите низ нивната коса, за подобро да им го видите лицето.

8. Кога ги бакнувате во образ за да се поздравите.

9. Кога станувате емоционални за време на „женски“ филм што не сте ни сакале да го гледате.

10. Кога нежно ги прегрнувате на забава со многу луѓе.

11. Кога им намигнувате од другата страна на просторијата.

12. Кога ќе седнете на подот да си играте со нивното домашно милениче.

13. Кога ги прашувате дали се сигурни пред да имате секс.

14. Кога ќе им кажете колку многу им се допаѓаат на вашите родители.

15. Кога ќе ги прегрнете од зад грб.

16. Кога ќе ги бакнете на челото откако мислите дека веќе заспале.

17. Кога ќе им донесете уште едно парче торта, дури и кога не побарале.

18. Кога ќе ги бакнувате на раката.

19. Кога одите од надворешната страна на тротоарот, каде што сте поблизу до улицата.

20. Кога свирите на гитара, пијано, тапани или кој било друг инструмент.

21. Кога ќе ви се сплетка јазикот откако ќе забележите колку неверојатно изгледаат.

22. Кога ќе им подготвите вкусен оброк.

23. Кога ќе се протегате и случајно ќе ја подигнете маицата, откривајќи ги стомачните.

24. Кога ќе го изговорите нивното име.

25. Кога ги гледате во усните додека зборуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Nekoj Reply

    Koga gi prashuvate dali se sigurni pred da imate sex ?!? WTF ?

Напиши одговор на Nekoj Откажи одговор