Молчењето е злато: Зошто психички силните луѓе не реагираат на навредите?

Молчењето е злато: Зошто психички силните луѓе не реагираат на навредите?

Ако погледнете околу себе, ќе сфатите дека светот се претворил во место каде што луѓето само се караат и расправаат едни со други. Луѓето на социјалните мрежи и во реалниот живот само се обидуваат да им го наметнат своето мислење на другите и да критикуваат. Сите сме биле сведоци на нетолеранцијата што постои меѓу луѓето. Меѓутоа, интелигентните поединци ретко реагираат на навредите. Можеби ви е чудно тоа што можат да останат толку смирени и што никогаш не им пречи лошото мислење на другите. Овие неколку причини ќе ви објаснат зошто психички силните и стабилни луѓе не реагираат на навредите…

Молчењето е злато: Зошто психички силните луѓе не реагираат на навредите?

Молчењето е најдобриот одговор

Поголемиот дел од луѓето сакаат да ги истакнуваат вашите грешки и да ви кажуваат што треба да смените. Меѓутоа, постојат поединци кои знаат како да ја замолчат таквата негативност. Тие знаат дека некои луѓе критикуваат само за да се чувствуваат подобро во врска со себе и на тој начин ја прикриваат својата несигурност. Таквите луѓе никогаш нема да бидат среќни за вашиот успех и достигнувања. Најдобро е да не им се обрнува внимание.

Дали знаете колку луѓе на почетокот му смееле на Едисон кога го измислил фонографот? Тој кога би обрнувал внимание на нивната негативност, никогаш не би можел да ги открие неговите изуми и да ги патентира. Што и да правите, добро или лошо, луѓето ќе ве оседуваат. Заштедете си ги вашите време и енергија така што нема да реагирате на нивните провокации.

Тоа е само нечие мислење

Секој има право на свое мислење. Ако некој ве критикува, тоа е само негов поглед кон работите и тоа не можете да го промените, се согласувате? Психички силните луѓе не реагираат на навредите, бидејќи знаат дека тоа е само нечие мислење. Претераното размислување за негативните коментари само ќе ви ги отежни работите. Фокусирајте се на љубезните луѓе, а критиките прифаќајте ги достоинствено.

Начинот на размислување на луѓето кои постојано критикуваат е најчесто нерационален и нелогичен, така што одговарањето на таквите неразумни мислења и постапки само ќе ве оддалечи од вашата конечна цел во животот.

Победуваат со нивната добрина

Некои луѓе уживаат во ширењето омраза и создавањето немир во туѓите живот. Но, постојат поединци кои на нивниот неразумен став реагираат со добрина. Тоа го прават затоа што не сакаат компликации, ниту во нивниот живот ниту во животот на токсичната личност. Колку повеќе ѝ дозволувате на омразата да расте, толку повеќе ќе си го искомплицирате животот,. Вашата добрина може да ја неутрализира нивната агресија и да ги принуди да го променат нивното лошо мислење за вас.

Молчењето е злато: Зошто психички силните луѓе не реагираат на навредите?

Здравјето и среќата се најважни

Не можете секогаш да се борите со негативното влијание на некои луѓе. Но, поединците кои сакаат да живеат добро и среќни обрнуваат големо внимание на нивната физичка, ментална и емоционална благосостојба. Вербалните навреди можат да оставаат траен белег на нашите мисли и карактер, можат да предизвикаат стрес, депресија и потешкотии, а тоа ги прави луѓето подложни на разни болести. Депресијата и стресот можат да влијаат многу негативно на една личност, што автоматски влијае и на нејзиниот живот и среќа.

Луѓето кои ретко одговараат на навредите се релативно посреќни и поздрави во споредба со оние кои постојано се караат. Иако немате контрола врз туѓото мислење, имате контрола врз вашите емоции и можете да ги отстраните силите кои сакаат да го нарушат вашиот мир, радост и успех. Ако вашата среќа и тага се темелат на туѓите мислења, никогаш нема да бидете задоволни со она што го имате.

Бараат решенија

Не постоите за да им угодите на сите. Никогаш нема да бидете доволно добри или доволни лоши за некои луѓе. Психички силните поединци не се вовлекуваат во разни проблеми, туку бараат решенија. Ако комуницирате со луѓе кои ве навредуваат или критикуваат и обрнувате внимание на нивните зборови и дела, на тој начин само им давате поголема моќ и самите си создавате препреки. Доколку сакате да имате мир во вашиот живот, вашиот главен фокус не би требало да биде на она што другите луѓе го велат. Едноставно треба да најдете решение како да се соочите со критиките на достоинствен начин.

Единствената личност која треба да донесува одлуки за вашиот живот сте вие самите. Никогаш не е паметно да реагирате на навредите. Најмудриот начин да се одговори на нешто негативно е игнорирањето. Луѓето кои прават да се чувствувате лошо се само луѓе, исто како и вие и тоа што го мислат и велат не е толку значајно. Во овој случај, незнаењето е вистински благодет.

Во продолжение прочитајте зошто игнорирањето е најдобра одмазда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар