Моќта на позитивното размислување

Позитивниот пристап кон животот е дефинитивно една од најмоќните карактеристики кои можете да ги поседувате. Оптимистите секогаш очекуваат да успеат во планираното, да имаат добро здравје, среќни моменти, финансиски успеси и добри односи со другите луѓе. Таквите мисли најчесто им се претвораат во реалност. Ова не се случува бидејќи луѓето со оптимистичен став се посамоуверени, па поради тоа се дружељубиви и поуспешни. Нивниот успех е резултат на нивниот начин на размислување. Тоа е основниот закон на привлекување: позитивните мисли резултираат со позитивни резултати. Она што ви се врти низ главата влијае врз течението на вашиот живот и на животот на луѓето околу вас.

Моќта на позитивното размислување

Ако имате нејаснотии околу тоа дали сте или не сте отпимисти, тука ќе ги разрешите дилемите.

1. Очекувајте да ви се случат добри работи

Успех, богатство, здравје, состанок со девојката/момчето по која/кое одамна мечтаете… Едноставно мислете на сè што е позитивно. Не е доволно само да мислите дека тие нешта ќе ви се случат, туку треба вистински да верувате дека она што го посакувате ќе дојде во вашите раце. Тргнете во потрага по разни можности кои ќе ви помогнат да си ги остварите целите и зграпчете ги кога ќе ви се појават на патот. Немојте два пати да размислувате дали потенцијалната прилика е навистина прилика или дали е доволно добра шанса за да успеете во тоа кон што целите. Ако очекувате да се реализира она што го очекувате, тогаш тоа е дефинитивно добра прилика.

2. Игнорирајте ги негативните мисли и заменете ги со позитивни

Дури и кога ќе почувствувате дека песимистичките мисли почнуваат да завладуваат со вашиот ум, длабоко вдишете и „бомбардирајте“ го умот со спротивни, позитивни мисли.

Моќта на позитивното размислување

3. Престанете да се дружите со негативни луѓе

Тие ја „цицаат“ вашата енергија секој ден и ве спречуваат да го искористите вашиот позитивен потенцијал. Ова е проблем, доколку вашите најдобри пријатели се песимисти и немаат желба да се променат. Но, вие бидете посилни од нив и не дозволувајте да ве обземе негативната енергија која тие ја шират.

Моќта на позитивното размислување

4. Фантазирајте за успешен резултат

Пред да започнете да работите на некој нов проект или да се вклучите во нова активност, визуелизирајте го позитивниот исход кој сакате да се случи од она кое што почнувате да го работите и водете се според таквата цел. Под ниедни околности не дозволувајте си да ве обземе страв од неуспех или да си замислувате како вашиот неуспех станува реалност, зашто така и ќе се случи.

5. Правете работи кои ве прават среќни

Ако сметате дека нешто не ви се прави во моментот, тогаш не правете го со сила. Ова не значи дека треба да се грижите само за вашата сопствена среќа, бидејќи во животот несомнено ќе наидувате на многу ситуации во кои ќе треба да правите работи за други луѓе, кои не ви причинуваат задоволство. Во секој случај, доколку вие настојувате да имате позитивен пристап кон животот, ќе откриете дека оние активности кои во минатото ве нервирале и ви биле здодевни, сега ви создаваат повеќе задоволство или во најмала рака се поподносливи.

Моќта на позитивното размислување

6. Немојте повеќе да велите „јас не можам“, туку „јас можам“

Мислите од типот „мислам дека можам“ не се доволно добри. Вие треба да се убедите себеси дека знаете дека можете да остварите сè што ќе посакате. Запомнете дека сè е возможно со оптимизам. Чашата е половина полна, а не половина празна.

Моќта на позитивното размислување

7. Движете се и седете со исправен грб и со рамената наназад

Доброто држење ќе ви ја покрене самодовербата, а таа ќе ви го поттикнете оптимизмот во вас. Исто така, вежбајте редовно макар и малку. Физичката активност ослободува ендорфини, кои можат да направат чуда дури и за најпесимистички настроените луѓе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Josif Reply

    Оваа моќ е вистинската моќ.

  2. Dame Reply

    Си го гледала/читала изгледа The Secret… Да не бидам груб, ама мнозинството научници, да не речам сите, сметаат дека ова се чисти глупости во боја, или да се изразам поделикатно – чиста пропаганда за правење пари. Поздрав4е

  3. Funkerman Reply

    i tie naucnici bile optimisti zada napravat pari.Mokta na pozitivnooto mislenje e metoda za umot da postapuva pravilno. Napred za site optimisti ova e navistina vistinska mok.

  4. mario Reply

    Сите успешни луѓе, стигнале онаму каде што се , благодарејќи на позитивната мисла, и верувањето во самите себе..најдете ја онаа работа кон која имате болна, опсесивна пасија – таму ќе успеете ;).

  5. Митко Reply

    Желбата за успех треба да ви биде поголема од стравот за неуспех.

Остави коментар