Моќта на мозокот е неограничена! Потребно ви е само рибино масло за да ја зголемите

Дали верувате дека вашиот мозок е ограничен? Ако одговорот е да, тогаш сигурно мислите дека вашата ментална способност го достигнала својот врв. Е па, размислете повторно.

mokjta-na-mozokot-e-neogranichena-potrebno-vi-e-samo-ribino-maslo-za-da-ja-zgolemite-kafepauza.mk

Моќта на мозокот не само што можете да ја зголемите и проширите, туку таа едноставно е неограничена. Моќта на вашиот мозок дефинитивно може да се зголеми, и тоа не само со ментални вежби, туку и со додатоци во исхраната.

Рибиното масло може да ја зголеми моќта на мозокот

Рибиното масло е богато со омега 3 масни киселини кои се витални за здрав и функционален ум. Тоа исто така е полно со хранливи материи кои му се потребни на мозокот. Кога ќе почнете редовно да ги внесувате, вашите меморија и умствена способност значително ќе се подобрат.

Рибиното масло ја подобрува меморијата дури и ако имате 70 години

Истражување кое ги проучувало ефектите на рибиното масло, користело испитаници кои имале 70 години и повеќе. Резултатите биле неверојатни. По само 6 месеци консумирање на маслото, менталната способност кај испитаниците значително се подобрила.

Како да го додадете рибиното масло во вашата исхрана?

Ова масло е достапно во течна форма, но поради лошиот вкус најпопуларни се капсулите со рибино масло. Некои компании произведуваат и капсули кои имаат подобрен вкус, како на јаготка или портокал.

Каде можете да го купите?

За среќа, маслото им е достапно на сите. Можете да го најдете во секој супер маркет, а капсулите ги има во секоја аптека.

Која е препорачаната доза?

Ако јадете 2 или 3 порции риба неделно, тогаш можеби и нема потреба дополнително на внесувате рибино масло. Сепак, ако рибата ретко се наоѓа на вашето мени, рибиното масло е одличен избор. Некои лекари сметаат дека оптималната доза е 1.000 милиграми рибино масло на ден. Доколку земате други лекови или сте алергични на риба, прво консултирајте се со вашиот лекар.

Рибиното масло е ефективен начин да ги подобрите меморијата и моќта на вашиот мозок. Тоа исто така е одлично за физичкото здравје и помага во борбата со артритис, срцеви заболувања и проблеми со плодноста.

Ако чувствувате ментален замор и ослабување на меморијата, зошто да не му дадете шанса на рибиното масло?

Погледнете ги и овие неверојатни факти за моќта на нашиот мозок.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар