Моќни совети кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот

Моќни совети кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот

Дали сте забележале дека во книжарниците има сè повеќе книги за самопомош? Има толку многу совети за подобрување на животот, што понекогаш е навистина тешко да го најдете најдоброто решение за вас. Па како да го направите тоа?

Little girl running on meadow with sunset

Исполнувајте ги ветувањата (дури и оние кои сте си ги дале себеси)

Во филмовите многу често еден лик ветува нешто, па целото дејство зависи од тоа ветување. Иако филмовите се фикција, замислете што ќе се случи ако и вие почнете да ги исполнувате вашите ветувања. Не е важно дали приказната е мала или голема, долга или кратка, тажна или среќна. Не е важно како се појавува предизвикот и кој за што се бори. Во еден момент, секој треба да си каже: Јас ќе го направам ова.

Сфатете дека сè е привремено

Постои една приказна за крал кој ги терал своите потчинети да го направат среќен кога е тажен и обратно. После многу размислување, потчинетите дошле до заклучок: И ова ќе помине. Оваа приказна сака да ве научи да уживате во моментот. Без разлика дали е најсреќниот момент во вашиот живот, и тој ќе помине, па уживајте додека трае. Ако се чувствувате тажно, оваа приказна ви кажува дека и тагата ќе помине.

Кога сте во тешка ситуација, не заборавајте дека ситуацијата е привремена. Уживајте во убавите моменти додека траат, и потсетувајте се на нив кога мислите дека нема излез од лошата ситуација.

Едноставно трчајте, ќе научите за издржливоста

Трчањето ќе ве научи да продолжите, дури и кога сакате да се откажете. Тоа ќе ви помогне да се фокусирате на една цел и да не престанете додека не ја стигнете. Ќе се чувствувате силно и ќе бидете полни со самодоверба.

Дајте 100% (дури и кога мислите дека не можете или едноставно не сакате)

Во животот постојат моменти кога нема да сакате да дадете сè од себе. Тоа може да биде поради самата ситуација, или пак бидејќи сте имале лош ден. Но причината може да биде и тоа што ситуацијата ве предизвикува и емоционално и физички. Секогаш давајте го најдоброто од себе и ќе успеете да постигнете сè што сакате.

Работете паметно, а не повеќе

Абрахам Линколн рекол:

„Дајте ми 6 часа да исечам едно дрво, и ќе ги поминам првите 4 острејќи ја секирата.“

Повеќето луѓе 6 часа ќе се обидуваат да го пресечат дрвото, но планирањето и работењето на вашите способности ќе ви помогне да ја завршите работата за многу пократко време.

Живејте во реалноста, не на социјалните мрежи

Секој од нас има поминато многу часови разлистувајќи ги содржините на социјалните мрежи, па дури и додека некој ни зборува. Оваа навика нè држи будни навечер и нè прави антисоцијални, иако сме излезени со некого. Кога постојано ги проверувате социјалните мрежи, вие го трошите вашето време и полека станувате зависни од вашиот паметен уред. Но сепак знаете што е добро за вас, па слушајте се. Престанете да ги прашувате другите што да правите, и почнете да ги правите работите кои знаете дека се добри за вас. Со тек на време ќе ги решите речиси сите ваши проблеми.

Па што им е заедничко на овие совети? Сите тие нè учат да живееме во сегашноста, да се грижиме за себеси и да не заборавиме дека сме посилни од која било тешка ситуација. Вие ја имате моќта да ги промените нештата, вклучувајќи го и вашиот живот. Единственото нешто што ве држи назад сте вие. Па што чекате? Уште денес направете ја промената која ви е потребна.

Погледнете ги и мислите кои ја трујат вашата визија за подобар живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар