Моќни поеми кои ќе го излечат вашето скршено срце

Моќни поеми кои ќе го излечат вашето скршено срце

Литературата отсекогаш била тука да ни помогне да се соочиме со тешките ситуации и да знаеме како правилно да постапиме кога пред нас се наоѓа некаков предизвик. Прозата е тука за умот, а поезијата за срцето. Во тој контекст, прочитајте ги овие 11 кратки поеми од Руби Каар кои ќе го излечат вашето срце и повторно ќе ви ја вратат надежта за љубовта.

11 поеми кои ќе го излечат вашето скршено срце

Доволни

Ако сте скршени

и тие ве оставиле

не прашувајте се дали сте биле

доволни

проблемот

е тоа што сте биле толку доволни

што тие не можеле да го издржат тоа.

 

Љубов и загуба

Што ми значи мене

ако ме сакаш или не

ако ти недостасувам или требам

кога не правиш ништо

за да бидеш со мене

ако не ми дозволуваш да бидам

љубовта на твојот живот, тогаш ќе бидам

загубата на твојот живот.

 

Чудата во мене

Нема да дозволам

да зачекориш до и од мене

како отворена врата

кога имам премногу чуда

кои се случуваат во мене за да бидам само

твојата удобна можност.

 

Силата на водата

Таа е вода

доволно мека

за да даде живот

доволно цврста

за да го удави.

 

Патот понатаму

Го ископав мојот пат

од земјата

со дланки и тупаници, многупати

мојот живот е

еден погреб по друг

ќе го најдам мојот пат

подалеку од тебе.

 

Истрајност

И еве си тука, живееш

и покрај сѐ.

 

После падот

Ако сте родени

со слабоста да паднете

тогаш сте родени

и со силата да станете.

 

Заблуда

Не згреши што замина

згреши што се врати

мислејќи

дека може да ме имаш мене

кога ти е удобно тебе

и да заминеш кога не ти е.

 

Домот е онаму каде што е срцето

Во оној момент кога престанав да барам дом

и ги поставив темелите на домот во себе

сфатив дека не постојат поинтимни корени

отколку оние на мозокот и телото

кои решиле да станат целина.

 

Рефлексија

Она што најмногу ми недостасува е начинот на кој ме сакаше, но она што не го знаев беше тоа што твоето сакање беше многу поврзано со личноста која бев. Тоа беше рефлексија на сѐ што ти дадов кога ми се врати. Како не го забележав тоа? Како? Како седев тука со идејата дека никој нема да ме сака на тој начин? Кога јас те научив и ти покажав како да исполнуваш. Како мене да ме исполниш. Колку сурово се однесував со себе. Давајќи ти признание за мојата топлина само затоа што ја почувствува. Мислејќи дека ти ми ја даваш силата. Паметот. Убавината. Само затоа што ти одби да го тргнеш погледот. Како јас да ги немав овие работи пред да те запознам тебе. Како јас да не продолжив да ги имам овие работи кога ти замина.

 

Огнена волја

Што е посилно

од човечкото срце

кое се крши, одново и одново,

а, сепак, живее?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар