Модни трендови за пролет 2014: Еве што предложува H&M!

Автор: Ана Петровиќ

Оваа година, пролетната сезона ќе биде во знакот на кожните бајкерски јакни, здолништа и чизми, а за надополнување на изгледот задолжени се цветните дезени и мотиви, точките и розовата боја.

0-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk

Цвеќето е симбол на пролетта не само во природата, туку и во модниот свет, па затоа честопати топлите годишни времиња најавуваат шарени мотиви. H&M за пролетта која доаѓа ни припремија разиграна цветна колекција, а лесните џемпери се на врвот оваа сезона.

1-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk

Моќта е во цвеќињата

Освен природата, се будат и боите. Својот едноставен и практичен, но сепак елегантен пролетен стил разбијте го со розови парчиња облека како провидни блузи или кошули.

2-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk

Жешки во жешко-розова

Нова сезона, но стари правила. Добрата вест е што можете да ја искористите облеката од минатата есен, посебно бунтовничките маички со кул натписи и рокерските јакни.

3-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk

Рокерски бунтовнички стил

Рокерско-бајкерскиот стил одлично се вклопува со женствени блузи со точки. Посебна предност им се дава на кожните здолништа.

4-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk

Поврзете ги точките со секси кожни здолништа

Како алтернатива за почетокот на пролетта, во оние свежи пролетни утра можете да ги искористите тенките, плетени џемпери. Основа за комбинирање нека ви бидат чизмите во бајкерски стил и здолништата од вештачка кожа.

5-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk

Тенки плетени џемпери



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар