Модни трендови за eсен, 2014

Модни трендови за eсен, 2014

Автор: Софија Сионова

Летото одамна заврши и време е да се препуштиме на постуденото време и потоплата облека. Џемпери во разни бои, интересни капути и јакни и чизмите до глужд се меѓу главните карактеристични парчиња за есен. Но, секоја сезона има по некој нов тренд кој ги покорува сите, од улиците па сѐ до најценетите дизајнери.

modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

1. Накит во арт деко стил

Како што се менува времето, заменете ги веселите тиркизни и корални ѓердани со потемни нијанси на накит во арт деко стил. Сјајот и придушените тонови го прават одличен избор за поладните месеци.

1-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

2. Есенски цветови

Разликата од пролетните до есенските цветови е само во бојата на позадината. Додека кај пролетните имаме принтови со весели бои, кај есенските владеат потемните нијанси. Ваквите парчиња одлично стојат со чизмички до глужд во бежови нијанси.

2-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

3. Долги џемпери

Долгите џемпери се апсолутен хит оваа сезона. За вечерни прошетки, за на кафе со пријателите, овие џемпери се соодветни за секоја прилика. Изгледаат одлично со краток џемпер, отворени обувки и бојфренд фармерки.

3-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

4. Метални оксфордки

Претходните сезони, оскфордките кои го отсликуваа машкиот стил започнаа да доминираат и на женските стапала. Оваа сезона, тие се повторно модерни, но наместо класичниот модел се преферираат моделите кои се во металик нијанси. Одлично изгледаат со кошула и џемпер врз неа, како и со ултрамодерниот ранец.

4-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

5. Мантил со изглед на наметка

Мантилите оваа сезона го заменуваат нивниот строг крој и линии со порелаксиран изглед кој зрачи со женственост и ја потенцира женската силуета. Најдобар начин да ги инкорпорирате во вашиот изглед е со џемпер на риги и фармерки.

5-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

6. Чизми со врзување

Лесни за облекување и по малку необични, тие се одличен избор за есенските денови.

6-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

7. Чизми до глужд во бежови нијанси

Едно од класичните парчиња кои морате да ги имате за есента се дефинитивно чизмичките до глужд. Но, оваа сезона најголем фаворит се бежовите нијанси, наспроти црните. Не само што се шик и модерни туку тие се и многу практични.

7-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

8. Совршен ранец

Оваа есен се обрнува доста внимание на комфорот, па освен ослободувањето од високите потпетици, се ослободуваме и од тешките чанти. На нивно место доаѓаат ранците. Се носат на двете раменици, така што нема да чувствувате болки во грбот, а сепак ќе носите сѐ што ви е потребно.

8-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza.mk

9. Есенски шешир

Изработени од волна со широк обод во темни нијанси есенските шешири се токму она што ви е потребно за оваа сезона. Плус, тие се најдобар начин да ја внесете есента во летната облека.

9-modni-trendovi-za-esen-2014-kafepauza

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар