Модни факти кои не сте ги знаеле

Модни факти кои не сте ги знаеле

Модната индустрија е машинерија која отсекогаш работела со полна пареа. Она што го носиме денес, сигурно не е измислено во 21-от век. Погледнете неколку модни факти кои се интересни и забавни.

Сите сме виделе копчиња на ракавите од јакните, но малку од нас знаат дека тоа е идеја на Наполен Бонапарта. Во времето кога тој владеел, на своите кројачи им нарачал да сошијат копчиња на ракавите, со цел да не им се одвлече вниманието на војниците ако нивните ракави „летаат“ на сите страни.Модни факти кои не сте ги знаелеДенес, модата за децата е еднакво важна како и модата за мажите и жените. Но, дали знаевте дека трендот децата да бидат убаво и модерно облечени се развил пред 200 години? Пред тоа децата морале да носат помали примероци од машките и женските дизајни.Модни факти кои не сте ги знаелеСѐ до 19-от век немало манекенки, па дизајнерите своите креации ги изложувале на мали кукли. Тоа всушност било добра идеја, бидејќи така тие не трошеле пари на манекенки, модни шоуа, а за да се презентира еден модел било потребно малку материјал.Модни факти кои не сте ги знаелеВо времето на рускиот цар Петар во Русија, се плаќало данок за израсната брада. За разлика од тогаш, денес брадата се смета за дел од личниот стил и начин на живот.Модни факти кои не сте ги знаелеМодерната танга за прв пат била дизајнирана во Њујорк, по нарачка на градоначалникот Fiorello Henry La Guardia. Градоначалникот се изненадил кога видел дека танчерките танцуваат без долна облека, па така нарачал да се сошијат мали гаќички со кои ќе се покрие голотијата.Модни факти кои не сте ги знаелеВо 1850 година, 70% од луѓето шиеле облека која самите ја носеле. Модата не била важна, но удобноста била клучна. Денес, модата е исклучително важна, а рачно изработените материјали се најценети на пазарот и  нивната сума е висока заради ексклузивитетот кој го имаат.Модни факти кои не сте ги знаелеМодерната жена не може да живее без накит. Но, треба да се знае дека мажите се тие кои први почнале да носат накит, со цел да го истакнат нивниот социјален статус во општеството.Модни факти кои не сте ги знаелеДенес, природните веѓи се во мода, но за време на ренесансата жените ги бричеле веѓите. Пример за тоа е Мона Лиза.Модни факти кои не сте ги знаеле


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. ... Reply

    monaliza imala vegi no so tekot na vremeto bojata so koi bile iscrtani vegite izblednela…

    • Кафе пауза Reply

      Долги години истражувачите верувале дека за тоа време било вообичаено жените да ги отстрануваат веѓите кои се доживувале како неуредност. Во 2007 година, Pascal Cotte го истражувал отсуството на веѓи и трепки кај Мона Лиза правејќи високо-квалитетни скенирани верзии од сликата, на кои открил траги од насликани трепки и веѓи, за кои вели дека низ годините постепено исчезнале како резултат на чистење. Како и да е, ова е неговото тврдење, но и понатаму не е факт.

Напиши одговор на ... Откажи одговор