Моден предизвик: Како да носите графички принт, а да не претерате со модната комбинација?

Кога ќе посакате да го направите вашиот стил поатрактивен и поинтересен, тогаш изберете графички принт! Креативен, интересен и впечатлив принт кој на вистински начин ќе го направи вашиот стил неповторлив и забавен! Сепак, со самото тоа што станува збор за ниту малку сведен дезен, ќе ви биде малку потешко да го носите и да го комбинирате секојдневно, но затоа ние сме тука за да ви дадеме неколку предлози да изгледате модерно и разиграно оваа есен. Со графичкиот принт, се подразбира.

1-moden-predizvik-kako-da-nosete-grafichki-print-a-da-ne-preterate-so-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

Најнапред, она што е најважно е да го усогласите графичкиот принт со вашата градба. Бидејќи, сигурно не сакате во она што сте го облекле да изгледате подебело отколку што сте. Значи, внимателно избирајте го принтот и водете сметка за тоа тој да ѝ ласка на вашата фигура и евентуално да ги прекрие недостатоците. Кога ќе се чувствувате добро во она што го носите, така и ќе зрачите, односно, ќе изгледате добро.

Доколку и понатаму сте несигурни, тогаш немојте да бидете. Бидете смели, облечете графички принт и издвојте се од масата. Особено доколку обично носите сведени комбинации, нешто необично и разнобојно ќе биде вистинско освежување и новина која ќе ви одговара. Верувајте ни!

3-moden-predizvik-kako-da-nosete-grafichki-print-a-da-ne-preterate-so-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

Секако, за вашата модна комбинација да не изгледа „премногу“, водете сметка за тоа како ќе ја комбинирате гардеробата со графичкиот принт. Секогаш тоа нека биде едно парче облека, како што се панталони или кошула, блуза, а останатиот дел од комбинацијата нека биде сведен и, по можност, во бојата која се сложува со онаа која доминира во дезенот. На овој начин ќе направите совршен баланс, а освен тоа, и вашето еднобојно парче облека дополнително ќе дојде до израз токму поради неговата спротивност, впечатливото парче облека.

4-moden-predizvik-kako-da-nosete-grafichki-print-a-da-ne-preterate-so-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

Она што е сјајно, кога е во прашање графичкиот десен, е тоа што е доволна само мала „количина“ за вашата модна комбинација да изгледа неспоредливо подобро отколку без него. Значи, заедно со вашите секојдневни, едноставни комбинации понесете само еден аксесоар со овој принт и ќе изгледате стилизирано и тренди. На пример, чанта или чевли би биле совршен избор.

5-moden-predizvik-kako-da-nosete-grafichki-print-a-da-ne-preterate-so-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар