Модели на приврзување кај возрасните

Системот на приврзување работи на многу едноставен начин. Ако сè е во ред (безбедно) тогаш не ни чувствувате како тој работи. Но, кога работите излегуваат од границите, системот на приврзување се активира и се појавуваат одредени однесувања кои ве доближуваат до личноста која би можела добро да се грижи за вас. Близината создава или обновува сигурна основа, чувство за безбедност и удобност од кои одредена личност откако ќе ја пронајде може да започне со истражување на светот околу неа.Модели на приврзување кај возраснитеИнтервјуто за приврзување кај возрасните (Adult Attachment Interview) е основна метода за проценување на ставот кон вашиот партнер. Според оваа метода описот на личноста се проценува преку 2 примарни димензии. Првата димензија е доследноста, а втората димензија е способноста да се рефлектираат мотивите од другите. Доследноста поконкретно се однесува на одговори кои овозможуваат чисти и убедливи описи, кои се веродостојни, концизни, целосни и се презентирани на чист и уреден начин.

Во понатамошното испитување се следат уште 4 димензии како:

  • Квалитет – да се биде искрен и да се има докази кои ќе го поддржуваат кажаното.
  • Квантитет – да се биде концизен и целосен. Дадените информации мора да ги содржат потребните податоци, но ништо повеќе од тоа.
  • Важност – способноста за издвојување само релевантни информации.
  • Начин на однесување – јасни/нејасни изразувања, јасно искажување на мислите/двосмисленост…

По интервјуто можете да дознаете во која од наредниве категории припаѓате:

Безбедност

Личностите со безбеден модел на приврзување имаат способност многу реално да ги гледаат другите околу нив. Тие ги ценат врските, емоциите и обврските. За време на интервјуто целосно соработуваат со психологот и нивните одговори се доследни, концизни и јасни. Приврзувањето за нив има големо значење, но истовремено тие и објективно ги гледаат сите настани/врски.Модели на приврзување кај возрасните

Негирање

Личностите со негирачки модели на приврзување имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека не треба да им поставуваат многу барања на оние кои се грижат за нив кога станува збор за нивните потреби. Овие личности ги отфрлаат сите искуства и врски во кои има можност за поврзување. Нивните одговори често се премногу општи и неспецифични. Тие исто така немаат конкретни примери и докази кои можат да го поддржат нивниот став и честопати при навраќање на одредено прашање знаат да дадат контрадикторни одговори.Модели на приврзување кај возрасните

Преокупираност

Личностите со преокупирачки модел на приврзување исто така имаат потешкотии при реално перцепирање на луѓето околу нив. Како деца тие научиле дека единствениот начин да го привлечат вниманието на оној кој се грижи за нив е да имаат премногу барања и очекувања. Нивните одговори многу често не се доследни. Овие личности се преокупирани со претходните врски и искуства. Тие во разговорот изгледаат многу нервозно, пасивно или исплашено. Употребуваат долги реченици, граматички испреплетени и со многу простор (испуштајќи гласови како „ааа“ или „хмм“) помеѓу мислите. Исто така внесуваат многу непотребни детали при обидот да го поддржат својот став.Модели на приврзување кај возрасните

Неорганизираност

Личностите со неорганизиран модел на приврзување немаат јасно видливи причини за нивното нереално гледање на останатите. Како деца најверојатно имале родители кои биле на некој начин застрашувачки. Во голем број од случаите тие доживеале хронично запоставување во врска која би можело да ја објасни значајната дисфункција во нивната способност да формираат емоционално значајна врска. Голем број од оние кои имаат некаков вид психолошко нарушување го поседуваат овој модел на приврзување. Исто така нивните врски се бурни, непостојани и понекогаш насилни.Модели на приврзување кај возраснитеШто мислите, кој е вашиот модел на приврзување? Препознавте ли некои од дадените однесувања?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар