Митови поврзани со диетите

Во денешно време, на интернет може да најдете многу совети, трикови и диети кои можат да ви помогнат да ја намалите вашата телесна тежина за кратко време и со многу малку напор. Но за жал, многу од тие „гаранции“ за брзо губење на килограмите се само обични митови, па и доколку има мал дел вистина во нив, сепак нема да ви го дадат успехот кој го очекувате. Ова се најчестите митови поврзани со диетите.

Митови поврзани со диетите

Јадењето касно навечер е главна причина за зголемување на телесната тежина

Вистината: Некои диети препорачуваат да избегнувате да јадете доцна во ноќта, за да ја намалите тежината. Но една неодамнешна истрага спроведена од центарот „Dunn Nutrition“ во Кембриџ, покажала дека внесувањето на обилен оброк навечер не прави да се складираат повеќе маснотии во организмот одошто јадењето помалку во истото време. Избегнувањето на нездрави закуски доцна во ноќта ќе ви помогне да не ја накачувате вашата маса, но истото важи за кој било период од денот, не само за вечерните часови. Легнувањето во кревет со празен стомак може да се одрази и на вашиот сон, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат добар сон имаат помали шанси да се здебелат.

Митови поврзани со диетите

Избегнувањето на појадокот е добар начин за слабеење

Вистината: Сите научни истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат редовен здрав појадок се послаби од оние кои го прескокнуваат. Ова се случува бидејќи оние кои редовно појадуваат имаат поголеми шанси да не огладнат подоцна во денот, а појадокот го забрзува метаболизмот и им дава повеќе енергија за извршување на дневните активности (ова значи и согорување на калории за време на извршување на истите). Клучот е во избирањето на здрав и балансиран појадок и избегнување на високо калоричен оброк, полн со масти и шеќери.

Митови поврзани со диетите

Важно е да се јаде специјална храна за да се намали тежината

Вистината: Постојат многу диети во кои е вклучено јадење на специјална храна или пак замена на храната со разни шејкови, штангли, напитоци и слично. Сите овие работи можат да ви помогнат да ослабете, но на краток рок. Тие исто така можат да бидат и многу скапи, здодевни и невкусни, а многу од нив не ја обезбедуваат ни потребната дневна доза на витамини, минерали и други хранливи материи во организмот. Покај тоа, брзото губење на килограми го зголемува ризикот за здравствени проблеми, како што е камен во жолчката. Исто така, ваквите диети и замени за храната не ги учат луѓето на здрави навики при исхраната, па затоа изгубените килограми брзо се враќаат, а понекогаш и зголемуваат по завршувањето на режимот.

Митови поврзани со диетите

„Имам склоност кон дебелеење, тоа ми е во гените“

Вистината: Тенденцијата за зголемување на телесната тежина може да е фамилијарна работа. Но без разлика какви и да ви се гените, сепак причина за прекумерната тежина секогаш ќе биде, повеќе внесени калории во организмот, отколку потрошени. Иако за некого ова е потешка работа, сепак правилната исхрана помага за намалување и одржување на идеалната и здрава тежина.

Митови поврзани со диетите

Целерот има негативни калории и претставува одличен главен оброк

Вистината: Јадењето свеж целер согорува повеќе калории отколку што тој содржи. Ова е многу точно, бидејќи целерот е од цврст растителен материјал, па неговото варење, всушност согорува повеќе калории отколку што содржи (околу 8 калории). Но, иако тој е одлична закуска, во него нема доволно храна за тој да стане главен оброк во вашата диета, па така овие негативни калории кои тој ги има нема да имаат никаков позитивен ефект, а вие ќе бидете без енергија и гладни.

Митови поврзани со диетите

Пиењето заледена вода согорува калории

Вистината: При пиењето заледена вода, вашето тело ќе потроши некоја калорија за да ја стопли онаа што сте ја испиле. Тоа отприлика би било помеѓу 8 и 20 калории во зависност од тоа по кое истражување се водите. Внесувањето на поголеми количини вода додека сте на диета е одлична идеја, но доколку мислите дека заледената вода би направила некоја поголема разлика, се залажувате себе си.

Митови поврзани со диетите

Пиењето зелен чај секојдневно, помага при слабеењето

Вистината: Зелениот чај традиционално се пие при намалување на телесната тежина. Една студија објавена во медицинското списание „Obesity“ во 2009 година покажала дека катехините кои ги содржи зелениот чај помагаат при слабеењето. Но, луѓето врз кои се извршувало истражувањето, спонзорирано од Lipton, морале да пијат по десетина чаши зелен чај на ден, што е огромна количина. Исто така, секогаш треба да се има на ум дека, без разлика колкава количина ќе испиете, доколку се прејадувате, никогаш нема да ги осетите ефектите. Сепак, останува фактот дека незасладениот зелен чај е ниско калоричен пијалак, кој е добар за вас.

Митови поврзани со диетите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    Диети,диети,ддииеети кој ли само го измислил тој збор.
    1.Не јадете после 20часот
    2.Не се прејадувајте
    3.Редовно јадете 5 оброци во денот
    4.Белото исфрлете го од вашето мени тоа значи-бело брашно,бел шеќер и сеее..што е бело и исчистено од вредните хранливи состојки
    5.Јадете целозрнести,интегрални намирници
    6.Јадете овошје и зеленчук
    7.Движете се на било каков начин не е важно само вие движете се
    8.Пијте доволно течности од кои предност дадете и на водата ииииииииии…
    9.Насмевнете се и вљубете се упссс..ќе заборавев
    10.Легнувајте рано!!! станувајте рано.ако може не сонувајте многу,а ако сонувате тогаш сонувајте пепертутки во бајки а лошите нешта иако во сон оставете ги да поминуваат како слики на платно без да се задлабочувате во нив.Така во вашата потсвест ќе ја развиете вашата свест.
    Ете тоа е магичната формула за здрав живот,витка става и паметна глава.
    Нема драги мои ништо тука не јасно и немојте да барате вистини или невистини не се фаќајте за некои диети како пијаниот за оградата,кои само ќе го истероризираат вашето тело.ќе ве исцрпат и ќе ве донесат до некој крстопат зошто секоја диета има почеток и крај а што потоа ,тешкото оро почнува тука- ДА СЕ ЗАДРЖИ СТЕКНАТИОТ РЕЗУЛТАТ.
    Научете се во овој стресен живот каде зборот СТРЕС ни стана на сите ноќен кошмар,негативното да го пренасочувате во позитивно.Кога притисокот ќе ви се крене ,кога срцето ќе почне силно да бие и искри ќе ви летаат пред очи тогаш не се плашете ,застанете вдишете длабоко и нервозата претворете ја во енергија.Па нормално е да се плашите да се нервирате да бидете гневни та вие сте ЖИВ човек но гневот претворете го во позитивна сила.Свртете се и на проблемот погледнете му во очи цврсто сигурно и самоуверено,е тогаш и нај јаките бедеми паѓаат.Тогаш вашата свест нема да ве тера да се прејадувате и потоа безглаво да барате магични диети кои сигурна сум нема да ги најдете.Ќе бидете смирени,витки иииииииии…
    ЗДРАВИ
    Па нека ви е наздравје
    Со почит
    Весна Пирузева Петровска

Остави коментар