Мистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен секс

Сите имаме различна дефиниција за љубовта. Станува збор за индивидуално мислење што сите го доживуваме на поинаков начин. Најверојатно би кажале дека љубов е кога меѓу двајца партнери постои разбирање, почит, поддршка и привлечност. Љубов е кога не можеш да живееш без некого. Љубов е кога си подготвен да го поминеш целиот живот со една личност. Љубов е кога го прифаќаш партнерот таков каков што е, со сите доблести и маани. Но, што би рекол мистикот Ошо за оваа необјаснива појава? Тој има едно сосема поинакво гледиште за љубовта…

Мистериозната мудрост на Ошо: Она што го нарекувате љубов не е љубов, туку одложен секс

Љубовта која човештвото ја има создадено е многу опасна. Дури ни болестите немаат предизвикано толку неволји колку таканаречената љубов. Целото човештво е болно поради погрешното сфаќање за љубовта.

Ние не ни знаеме што е тоа љубов. Тоа е нешто што најмалку ни е познато. Многу се зборува за тоа, но никогаш не се живее. Тоа е измама на умот. Зборуваме за нешто што не сме во состојба да го живееме.

Литературата, музиката, поезијата, танцот… Сѐ се врти околу љубовта. Кога љубовта навистина би постоела, не би зборувале толку многу за неа. Опширните објаснувања за љубовта се доказ дека љубовта не постои. Не може да се зборува за нешто што нема замена.

Преку разговорите, јазикот, симболите и уметноста создаваме илузија дека станува збор за нешто присутно. Човек кој никогаш не ја сознал љубовта може да напише поубава песна за неа од оној кој ја сознал, затоа што вакуумот е многу подлабок. Тој мора да се исполни, нешто мора да ја замени љубовта.

Сите сакаат да бидат сакани, тоа е основна и природна потреба, но може да тргне во погрешна насока. На пример, потребата од љубов, може да прерасне во погрешна потреба, ако се обидувате да го привлечете туѓото внимание. Вие всушност имате потреба од внимание, а не од љубов. Може да станете политички лидери во тој случај. Големи маси ќе ви обрнуваат внимание, но нема да можат да ја исполнат вашата основна потреба да бидете сакани.

Таа основна потреба може да ја исполни само една единствена личност која ве сака и ви обрнува внимание поради љубовта. Кога сакате некого, тоа значи дека му обрнувате внимание. Вниманието и љубовта се во длабок меѓусебен однос.

Ако ја потиснете љубовната потреба, таа ќе се претвори во симболична потреба од туѓо внимание. И да го добиете вниманието, никогаш нема да ви биде исполнета потребата. Таа потреба е погрешна и одвоена од природната основна потреба. Таа поделба на личноста се нарекува невроза.

Па, што е тогаш љубовта?

Љубовта воопшто не е поврзана со сексот. Сексот може да се вклучи во неа, но љубовта не мора да е воопшто поврзана со сексот. Станува збор за нешто сосема друго.

Љубов е кога навистина сакате. И тоа постојано се шири, прво на луѓето, па потоа на животните, дрвјата, планините и ѕвездите. Ќе дојде денот кога целиот универзум ќе стане ваш љубовник. Тоа е вашиот потенцијал и сите што нема да го исполнат, залудно ќе го потрошат животот.

Да, ќе мора да изгубите неколку работи, но тие и онака се безвредни. Ќе добиете толку многу што никогаш нема ни да помислите на она што сте го изгубиле. Чистата „исполнетост на љубовта“, која продира во тишината, настанува од медитативното својство на тишината и нејзиното длабоко нурнување во вашето битие.

Доколку ве заинтересира размислувањето на Ошо, прочитајте зошто бракот може да ви го уништи животот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар