Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл

Засекогаш сами? Никогаш нема да ја најдете совршената личност? Сите околу вас се во врска освен вас? Ова се само дел од мислите кои им поминуваат низ глава на сите оние кои веќе подолг период се сами. Тие толку многу се насочиле кон овие мисли што на некој начин изгубиле допир со релноста и се фоксуирале само на најлошиот исход, а големи се шансите дека ситуацијата воопшто не е толку лоша. Токму затоа погледнете ги наредниве негативни мисли и нивната спротивна реалност…

Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл

Мисла: Јас сум причината затоа што сум сингл!

Реалност: Постојат многу причини поради кои не сте во врска, можеби затоа што сте премногу зафатени во овој момент, можеби затоа што не сте ја нашле вистинската личност, па можеби и дури дека периодов имате потреба да сте сами. Без разлика која е причината, сигурно не е до вас!

Мисла: Ќе бидам засекогаш сам/а!

Реалност: Не, вие нема да бидете засекогаш сами. Можеби токму утре ќе го запознаете вашиот иден партнер, од каде знаете? Без разлика на тоа колку време ја чекате љубовта на вашиот живот, вие секогаш ќе ги имате пријателите или семејството покрај вас и токму тоа значи дека не сте сами.

Мисла: Мене никој не може да ме сака!

Реалност: Вас секој може да ве сака! Да не заборавиме и дека многу луѓе веќе ве сакаат, како семејството и вашите најблиски пријатели. Само затоа што немате партнер кој во овој момент е заљубен во вас не значи дека вие сте личност која не може да биде засакана.

(1) Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл

Мисла: Сите мои пријатели се во врска, така да сигурно нешто не е во ред со мене!

Реалност: Ајде сега повторно погледнете ги СИТЕ ваши пријатели и размислите дали навистина СИТЕ се во врска? Најверојатно не. Но, дури и да се, тие едноставно ја запознале вистинската личност и кога ќе дојде време, и вие исто така ќе ја запознаете вашата вистинска личност. Не грижете се, сè е во ред со вас.

Мисла: Никогаш нема да се венчам!

Реалност: Вие можеби ќе стапите во брак, но можеби и нема. Тоа не значи дека нема да ја запознаете љубовта на вашиот живот. Ова е 21-ви век, работите на тоа поле не се секогаш толку црно-бели.

Мисла: Доколку бев повеќе (додадете особина тука), сигурно веќе ќе бев во врска!

Реалност: Не, тоа навистина не е точно. Единствениот начин да започнете со врска и да ја одржите истата е доколку сте вистинските вие.

(2) Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл

Мисла: Никогаш нема да имам деца!

Реалност: Живееме во време каде што едноставно не ви е ни потребен партнер за да имате дете. Размислете, доколку сакате дете, постојат многу алтернативни начини на кои можете да го добиете.

Мисла: Сингл сум затоа што сум грд/а!

Реалност: Не, вие не сте грди! Всушност не ни постои нешто што е „грдо“. Секој има своја дефиниција за убавина, па токму затоа постојат личности во чии очи вие ќе бидете најубавото нешто на планетата. И размислете, дали навистина ви е потребен партнер за да ви каже дека изгледате добро? Доколку вие се прифатите онакви какви што сте и се засакате во целост, ќе сфатите дека сте прекрасни, а со тоа и ќе си ја подобрите самодовербата.

Мисла: Никогаш нема да го/ја запознам вистинскиот/вистинската!

Реалност: Не постои „вистински“ или „вистинска“. Постојат многу личности на оваа планета кои одговараат на вашата замисла за партнер, само треба да бидете поупорни во барањето и со сигурност ќе го/ја најдете!

(3) Мисли кои им поминуваат низ глава на сите оние кои се подолго време сингл

Мисла: Моите родители на моите години веќе беа во брак и имаа деца!

Реалност: Времињата се променија, па токму затоа ретко кои млади започнуваат со сериозна врска од толку рана возраст. И тоа е можеби подобро. Нема потреба да брзате.

Мисла: Никогаш нема да имам толку добра врска како претходната!

Реалност: Постои причина зошто вие двајца раскинавте, не го заборавајте тоа. Доколку таа врска навистина била толку добра, вие сè уште ќе бевте заедно.

Мисла: Можеби треба да го прифатам помалото зло!

Реалност: Да, доколку сакате да бидете несреќни слободно направете го тоа! Никогаш не треба да се помирувате со нешто што знаете дека нема да биде добро за вас.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар