Мислевте дека овие навики се лоши? Размислете повторно!

Често ги делиме навиките во две јасно одвоени групи: добри и лоши. Но некои навики за кои мислиме дека се лоши, всушност може да бидат добри за нас во вистинската ситуација. А, еве за кои ви предлагаме да размислите повторно.

1-mislevte-deka-ovie-naviki-se-loshi-doznajte-koi-loshi-naviki-se-odlichni-za-vas-www.kafepauza.mk_

1. Одложување

Нашето време со себе носи постојана трка, брзање, мултитаскинг, кратко и слабо внимание. Во таквото опкружување не сфаќаме колку сме уморни и под стрес. Понекогаш, најдобрата работа која можеме да си ја пружиме е да ги одложиме работите и да имаме на ум дека ништо не може секогаш да биде итно.

2. Досадување

Многумина не го одобруваат досадувањето, бидејќи веруваат дека тоа означува недостаток на внатрешен потенцијал. Но, тоа понекогаш може да биде подлога за креативно размислување. Можеби досадата ќе ви го даде потребниот простор за да ги претворите старите проблеми во иновативни решенија или да пронајдете нови хоризонти и перспективи.

3. Одбивање

Нè учеа дека одбивањето е себичен чин. Но, другата крајност, односно согласувањето на сѐ, може да доведе до недостаток на енергија, а со тоа и до лично незадоволство. Одбивањето на неважните работи е предност која не треба да ја занемарите.

4. Намалување на работата

Живееме во свет што од нас бара секојдневно да работиме сè повеќе и повеќе. Еднаш кога ќе ги поместите вашите граници, на пример, да работите еден час подолго, ретко дека ќе можете да се вратите на старото. Време е нешто да отстраните од „вашата чинија“. Научете како да ја организирате работата со цел да бидете поефикасни без да вложувате повеќе време во неа.

2-mislevte-deka-ovie-naviki-se-loshi-doznajte-koi-loshi-naviki-se-odlichni-za-vas-www.kafepauza.mk_

5. Исклучување

Постојано ја проверувате вашата електронска пошта, листа на задачи, Фејсбук статуси, новите вести… Тоа се нарушувачи на вниманието кои ви го одземаат вашето драгоцено време. Одредете периоди кога целосно ќе се исклучите од социјалните мрежи и телефонот. Правете нешто што нема никаква врска со вашето работно место, на пример, возете велосипед, уредете ја градината или дворот, направете скара со пријателите…

6. Губење на трпението

Уште една од работите на кои нè учеле е дека никогаш не би требало да го изгубиме трпението и нервите, односно дека мора да ги контролираме емоциите во секоја ситуација. Но, постојат ситуации во кои е сосема во ред, па и пожелно, да воздивнете. Некогаш е поздраво да реагирате бурно, отколку да држите сè во себе додека не експлодирате и направите вистинска штета.

7. Фантазирање

Фантазирањето не е мрзливост. Некогаш најдоброто што можете да го направите за себе е да го пуштите умот да лута. Фантазирањето ја подобрува вештината за решавање на проблемите. Кога умот лута, тој може да дојде до покреативни решенија отколку кога сме фокусирани на еден аспект.

8. Неуредност

Некои истражувања докажале дека неуредното опкружување може да биде добро за продуктивноста, особено кај работата која бара креативен начин на размислување. Уредната соба може да биде пријатна и смирувачка, но неуредноста може да доведе до решение што се наоѓа надвор од рамките.

9. Немир

Можеби ви кажале дека тоа што не можете да седите мирно е лоша навика. Но, истражувачите дошле до откритие дека немирот во столицата, шутирањето со нозете, тапкањето со петите, па дури и чукањето со прстите може да го подобри метаболизмот и има позитивна улога за целото тело.

10. Долго спиење

Следете го своето тело, односно доколку му е потребен сон, наспијте се. Во текот на викендите надополнете го изгубениот сон, спијте подолго и одморете се после ручекот. На тој начин ќе го освежите и закрепнете телото, и ќе го избистрите вашиот ум.

Исто така, постојат одредени лоши навики кои навистина се лоши за вашето здравје и среќа, па затоа погледнете кои лоши навики го попречуваат вашиот пат до среќата.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар