Минималистички модни комбинации што нема да изгледаат досадно

Основата на минималистичката облека е да ги имате само оние парчиња кои ги сакате, да одбирате квалитет наместо квантитет и безвременски парчиња наместо нешто што е модерно.

(1)kako-da-se-oblekuvate-kako-minimalist-bez-da-vi-bide-zdodevno-kafepauza.mk

Не само што ќе заштедите пари бидејќи ќе купувате помалку облека, туку и облеката што ќе ја имате ќе биде многу поквалитетна од онаа што ја поседувате сега. Погледнете некои совети кои ќе ви помогнат во оваа промена.

1. Не мора да изгледате едноставно

(2)kako-da-se-oblekuvate-kako-minimalist-bez-da-vi-bide-zdodevno-kafepauza.mk

Убавината на минималното облекување е тоа што се фокусира на силуетата на вашата облека. Тоа значи дека сега е совршено време да експериментирате со нови форми на класичните парчиња. Наместо да носите обична бела блуза, пронајдете некоја од уникатен материјал и додајте интересна јака или чуден ракав.

2. Одберете точка на фокус

(3)kako-da-se-oblekuvate-kako-minimalist-bez-da-vi-bide-zdodevno-kafepauza.mk

Одберете парче кое ќе се истакнува од целата комбинација. Носете едноставни панталони со впечатлива блуза, или пак едноставен фустан со интересна јакна. Фокусот може да биде и на модните додатоци, како необична чанта или чевли.

3. Помалку е повеќе

(4)kako-da-se-oblekuvate-kako-minimalist-bez-da-vi-bide-zdodevno-kafepauza.mk

Кога прв пат ќе го пробате овој стил, сигурно ќе сакате да додадете слоеви или модни додатоци. Но ако ви се допаѓа кројот на вашата облека, нема потреба од додавање. Заменете го големиот шал со едноставно ланче или пак впечатливите чевли со потпетици заменете ги со балетанки.

4. Пробувајте нови силуети

(5)kako-da-se-oblekuvate-kako-minimalist-bez-da-vi-bide-zdodevno-kafepauza.mk

Сега кога купувате помалку облека, можеби треба да ги проширите вашите погледи и да побарате некои нови силуети. Омилениот стил на луѓето кои се облекуваат минималистички е „големата“ облека. Ако сите парчиња кои ги имате се тесни, сега пробајте нешто широко како за промена.

5. Искористете го контрастот

(6)kako-da-se-oblekuvate-kako-minimalist-bez-da-vi-bide-zdodevno-kafepauza.mk

Многу минималисти имаат само неколку бои во гардероберот – бела, сива, сина и многу црна. Ова се разбира не е единствениот начин, па ако го одберете минимализмот, не мора да значи дека ќе бидете ограничени на монохроматски комбинации. Добриот контраст ќе го направи вашиот изглед многу подобар.

6. Внимавајте и на модните додатоци

(7)kako-da-se-oblekuvate-kako-minimalist-bez-da-vi-bide-zdodevno-kafepauza.mk

Како што кажавме, сега ќе купувате помалку облека, но и поквалитетна и со подолг век на траење. Па зошто да не го правите ова и за модните додатоци? Наместо да имате десетици пара чевли, одберете неколку кои се квалитетни и кои ќе одговараат со вашата облека. Наместо да ја менувате чантата со секоја модна комбинација, најдете чанта која е квалитетна и која ќе можете да ја комбинирате со речиси сè во вашиот гардеробер.

Погледнете и што кажува за вас вашиот стил на облекување.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар