Метросексуалци или „кремови“… речи модерни хомосексуалци

Метросексуалец:

1. Маж кој е стрејт, излегува со девојки, но обрнува големо внимание на својот надворешен изглед.

2. Метросексуалец е неологизам кој се користи за да се опише маж (најчесто припадник на модерно, урбано и капиталистичко општество), кој троши многу пари и време на шопинг и грижа за својот изглед.

Според многу дефиниции, тоа е значењето на овој релативно нов поим. Живеам во 21-ви век, знам до каде се движат работите со овие нови сексуални правци (иако понекогаш навистина посакувам да не знаев), ама сè нешто не ми штима. Наречете ме старомодна, сепак еве ќе речам, мажот би требало да наликува на маж.Метросексуалци или „кремови“… речи модерни хомосексуалциКако прво и основно, половите разлики ПОСТОЈАТ. Да не се лажеме, не можеме целосно да сме еднакви кога клучната основа ни е различна – се делиме на машки и женски пол. ДА, во 21-век жената не смее да биде омаловажувана поради тоа што е жена, жената не смее да ја доживува кујната како своја канцеларија и единствено место каде припаѓа, стоп – друга тема на муабет… Ама ајде луѓе, да бидеме искрени кон самите себе, постои одредена слика за женственост и друга слика за она што БИ ТРЕБАЛО да претставува МАШКИ ПОЛ. Сите тие метросексуалци ми наликуваат на хомосексуалци кои сè уште не се откриле…

Како може дечко ти да поминува повеќе време пред огледало од тебе? Да ти позајмува пудра за лице или кармин и да си делите ист лосион за тело со мирис на ванила. Што е следно, заедно ќе си го диплите розовиот долен веш и ќе се договарате на која страна да си ги наместите шишките? Не станува збор за полова еднаквост или каде треба да е жената, а каде мажот. Работата е што навистина, некои работи се ЖЕНСКИ.

Не дека ние жените сакаме мажи кои наликуваат на неандeрталци и влегуваат под туш два пати годишно, плус за празници (ама само за некои поважни), сепак некоја граница МОРА да постои. Јас сега сакам да ве прашам нешто: Што всушност е вистински маж? Пцуе, не ја почитува својата девојка/жена, „глава“ е во куќата (а со глава не размислува), прди (извинете на зборов), жрдига и пие додека гледа фудбал…? Ама како што се изместија сфаќањата за тоа што навистина преставува една дама, баш така се измести и перцепцијата за тоа што е вистински маж. Луѓето одат во крајности, мисли дека докажува оти е вистински маж со тоа што прави сè од она што го наведов три реда погоре, а не сфаќа дека така повеќе наликува на животно. Од друга страна, ниту целосно спротивното од тоа (демек метросексуалноста), мене не ми се совпаѓа со она што би требало да биде отсликување на поимот „вистински маж“.

И пак ќе ви дозволам да ме наречете старомодна и со назадни сфаќања, ама не знам што е секси во маж кој си нанесува маска за лице секој вторник навечер и прчи усни кога се слика? Изгледа јас сум во некоја илузија. Изгледа девојките како мене кои сакаат силни момци кои би се степале заради тебе, а не заради најнова марка облека, не се во тек со новото време. Да, мора да сме многу заостанати штом сакаме машки…. со карактеристики на машки. Големи силни момци, кои сфаќаат дека појавата да имаш влакна на телото не е болест (значи ти си маж, не мора во кожата да бидеш мазен како бебешко газе), кои знаат до која мера би требало да бидат „опседнати“ со својот надворешен изглед…

Не чинело да одиш контра со времево, демек на многу ладно време да не пиеме многу топли напивки. Сè што можам да кажам е тоа дека некои правила постојат за да не се почитуваат. Кој што сака нека каже, ама нема нешто подобро од жешко кафе додека надвор завејува снег… Ќе престанам овде, станувам многу поетски настроена.

До следното читање,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Мартина Reply

    Јас знам дека колумна е личен став ама треба да е поткрепена со некакви аргументи, бидејќи некој може да ја земе здраво за готово.
    * За вкусови не се разговара и може да ви се допаѓаат различни мажи/жени , но сметам дека насловот не е на место и во самиот текст има измешано повеќе работи.
    Ќе пробам на кретко да расчистим некои работи.
    1.не во секој случај метеросексуалците се и хомосексуалци:
    -Хомосексуалноста е сексуална определба
    -Метеросексуалноста е родова определба
    2.Да постојат полови разлики и тоа ќе го потврди секој биолог/доктор и сл., но има разлика меѓу полови и родови разлики. Едните се биолошки карактеристики а вторите се социјални улоги.
    3.сите овие термини се доста специфични и најчесто се ставаат во ист „кош“ но има разлика меѓу метеросексуалност, хомосексуалност, бисексуалност транссексуалност, трансвестизам, пол, род……

  2. Viktor Reply

    Eli, ne si ti staromodna, ti si samo zaostanata, tipicna Balkanka, koja ne znae deka sme 21vek !!!
    Izvnini na mojata arogancija, ne sum metroseksualec, a uste pomalku homoseksualec, ama diskriminacija NE PODDRZUVAM!!!
    p.s idealen decko za tebe bi bil, nekoj sto raboti kako obezbeduvanej vo nekoja od nasite diskotekite …siguren sum deka ako nekoj te pogled pa makar i slucajnoi, tvojot alfa mazjak vednas ke mu go pukne nosot, ok a moze i tebe nekad onaka slucajno da se ishamara- sepak e on maz!!!! :):):)

    • Ели Радеска Reply

      Почитуван Виктор,
      Зошто си толку контрадикторен во своето изразување? Ако сум заостаната, како тоа не сум старомодна, и ако не дискриминираш зошто го употреби изразот „а УШТЕ ПОМАЛКУ хомосексуалец“?
      Многу често во моите колумни пишувам за тоа дека жените мора да се борат за своите права и дека мажите треба да се џентлмени кои имаат голема почит кон жените. Така што, мојот идеален маж е далеку од она што ти го опиша.
      Можеби доколку добро ја прочиташе колумната, без да бидеш ограничен и со намера да критикуваш, ќе го доловеше точно моето мислење на ова тема, и ќе сфатеше дека ваквиот коментар од твоја страна едноставно не држи вода.
      Секогаш сум за размена на различни мислења (нормално дека не сме сите истомисленици), но навистина нема потреба од навреди. Сепак, мило ми е што не си еден од оние „алфа мажјаци“, колку се поретки толку подобро. :)
      Поздрав.

  3. Здравко Reply

    Најлошите 5 минути поминати на интернет се читајќи ја колумнава.

  4. Jane Reply

    go pisuvam ova isprovociran od “viktor”…
    znaci, ako ne si pederce, togas si izbacivac vo diskoteka?
    ako ne koristis kremicki i ne si depiliras gradite, garant ke i go puknes nosot na devojka ti? abe ajde…
    Maz znaci da si MAZ. da si ja stitis zenata, da imas vo tebe nesto vitesko, kodeks na odnesuvanje…
    ako ti se cini smesno ova i ako ne go razbiras, vo red e. koga togas ke otkries deka si seksualno zbunet u stvari. ja inaku rabotam marketing, se bavam so umetnost, imam kup prijatelki, ne se depiliram, od kozmetika koristam samo aftershave, a kosata si ja mijam so istios sapun so koj si gi miam i racete. od nakin nosam samo saat, a garederobata mi e cesto i po poveke godini stara. ne sum izbacivac i ne tepam zeni. ama ako nekoj i napravi nesto loso, ke mu go punkam nosot. za razlika od tebe.
    posto gledas, pederce e karakterna osobina, a ne polova ili rodova pripadnost….
    namesto metro, jas sum retro seksualec. i toa e toa.

  5. Samo jas Reply

    Misla deka u komentarive (so isklucok) premnogu tupite. Ne me sfakjajte pogresno, poentata e da ja vidite pogolemata slika na toa kako stojat rabotite, a ne da se fakate za sitnici, sfakajki gi zdravo za gotovo. Jas licno totalno go podrzuvam ovoj stav na Eli.
    P.S. Eli vo nitu edna prilika ne pokaza diskriminacija kon homoseksualnosta, taka da, nema potreba da ripate odma kako (sto bi rekle starite) prle pred magare

  6. Ilcho Spiroski Reply

    Jas bi rekol deka toa e samo preintenzivno prikrivawe na nesigurnost … od bilo koj vid, kombinirano so demonstracija na finansiska superiornost i (ponekogas) bozemno razbirawe ili preferirawe na nekakvi modni ili kvazi modni trendovi, koe duri preminuva vo nekakov cuden ( da ne upotrebam potezok zbor ) egzibicionizam.
    Demek: ne mozam inaku da se eksponiram, pa eve vaka…sum pospecijalen.
    I tuka se otvora pogolemata tema: komu kolku i zosto mu treba eksponiranje…
    A, seksualnosta i varijaciite na taa tema ne bi gi mesal so ova, osven ako toa ne ja predizvikuva nesigurnosta.
    A sega kako i avtorkata na pojdovniot tekst, da prekinam, oti pocnuvam da vleguvam vo mod za filozofirawe.
    p.s. Ne bidete prestrogi so metro… – po bitolski gi vikame “prckala”. Site nie ponekogash licime na niv, samo nekoi se “poekstremni” ponekogash, a drugi sekogash.

  7. Petar Reply

    Ne svakam zosto Eli ima doza na nervoza vo svojot komentar kon Viktor koga toj samo i pisa odgovor so doza na cinizam i drskost ednakva na nejzinite vo kolumnata pogore.
    Duri i rabotite za koi se soglasuvam so nejze se kazani na grd nacin…
    A retroseksualecov Jane e CAR, maz so si ja mie kosata so sapun i nosi iskinati alista od pred nekolku godini a son na sekoja zena :)

  8. Aleksandar Reply

    Mislam deka muabetov e prazen pocnuvajki od pocetokot na kolumnata. Bi mozel da kazam deka celata kolumna mi izgleda kako eden vid provokacija, a komentarite kako debata. Eli, bi trebalo da znaes deka cistotata i pedantosta se odraz na intelegencija, a ne na nesto loso. Sepak, kako sto masko ne saka da bide so masko taka i zensko ne saka da bide so zensko. Ne gi opravduvam mazite sto se odnesuvaat kako zeni i se shminkaat ama i ne go opravduvam tvoeto napaganje kon mazite koi sakaat da bidat cisti i sredeni i sekogas da izgledaat bleskavo.

    • Caci Reply

      …cist i sreden e edno,koristenje pudra i manikirce e sosem drugo :)

  9. лхдц Reply

    Ели веројатно ни е тинејџерка во забавен развој или тетка од Југославија. Одколку(кога веќе активно те следат читатели) да пишуваш зрели статии за општо добро ти избираш отра теми или лично незадоволство и подржуваш дикриминација и испраќаш негативна енергија без доволни аргументи и зрел речник, како и да е… Јас сум педер или хомосексуалец да звучам модерно и ги правам некои од работите кои ги наведе, но кога веќе тргнуваш длабоко да пронајдеш партнер треба да се запрашаш околу карактеристики како лојалност, морал и сл. а не да отежнуваш за неговиот излед и внимание, кога потајно сите посветуваме големо внимание за излед иако малкумина би признале и точно знаеме за естетика кога се работи и за двата пола, во спротивно не би го ни забележала. Проблемот не е во ограниченоста на Виктор составена во два реда туку во цела твоја статија и став одноно страв, а и поразително е да живееш назад во времето и илузија, кога секогаш можеш да понудиш разбирање пред да избрзаш и да ги осудиш односно да менуваме или избегнуваме што е различно од нас, те почитувам околу времето посветено на пишувње но треба да поставиш граница и стил на пишување без навреди, јас ти посакувам среќа во потрагата и разбирање околу комплексноста на општеството денес за истото да те најде и тебе.

  10. Vivian Reply

    *Коментарот е модериран поради навреди

    Мислам дека Ели целосно ги измешала поимите метросексуалец и хомосексуалец.
    Додека ја читав колумнава не знаев што попрво да правам… *
    Ќе се согласам со еден од коментарите погоре дека целата колумна е напишана со толку голема нервоза, исмејување, понижување ..
    Да те прашам нешто, Ели, дали ти си обожавател на господинот прекрасен Ryan Gosling?
    Дали си обожавател на било кој згоден маж во денешницава?
    Сигурна сум дека си обожавател на барем еден, згоден, среден маж, кој не припаѓа на типот валкани рокери со мрсна коса.
    Можеби пак такви сакаш, затоа и си ја напишала статијава.
    Или можеби, те одбил некој толку добро облечен, културен, среден и пред се згоден до небеса, што ти ја свиткал самодовербата до тоа ниво да го исплукаш јавно.
    Мислиш дека него му менува нешто тоа?
    Не и нема.

    Јас лично познавам дечко кој што обожава да изгледа добро, да носи најнови марки, да си ја чешла косата три пати на ден, да користи најдобри парфеми и еј, пази, сака да оди во теретана за да изгледа добро за девојка му!
    Значи, гледаш, постои линија на добро однесување кон девојка, добар изглед (а, не мрсен во косата и тело ала обезбедување од дискотека – т.н. алфа мажјак според тебе) и многу сум сигурна дека би се степал за девојка му ако има потреба и нема да се плаши дали ќе му се скршат ноктите.

    Па, Боже мој, кој не би посакал да има згоден, паметен, културен и пред се добро облечен дечко?
    Ти не би сакала?
    Цццц …
    Најди си подобра инспирација за докажување поенти.

    Уште нешто. Многу си ги измешала сите видови на -сексуалци во постов. Ако не си информирана, отвори Google, те молам, прочитај, се пишува во денешно време.
    Метросексуалците никогаш, никогаш не се сликаат со напучени усни и никогаш, никогаш не носат пудра.
    Ужасно многу ги мешаш со Drag Queens и класичните хомосексуалци од типот на Џек од Вил и Грејс.
    За твоја информација, метросексуалците постоеле од секогаш, само не биле на толкав удар од сите колку што се денес.
    Да ти спомнам некои мажи од минатото, кои изгледале прекрасно во нивното време (почни од залижаната коса): Хамфри Богарт, Кери Грант, Ричард Бартон .. да продолжам?
    Дури и измислениот лик Гетсби на Фицџералд е типичен метросексуалец. А, ако си ја читала книгата (што чисто се сомневам по колумнава), сигурна сум дека си збудалела по тој измислен лик како и сите кои ја прочитале.
    Дури и измислениот лик на Џејн Остин, Господин Дарси.
    Треба да продолжам уште?

    Преиспитај си ги сфаќањата – никогаш не те читам, бидејќи си ми досадна и несфатлива, ама оваа твоја колумна ја прочитав и не можев да не коментирам.
    Секое добро.

  11. Stive Reply

    Pocituvani dami i gospoda,
    Ne znam od kaj da pocnam…. Dali od Viktor dali od Eli. No pred da pratite moda i trendovi zaprasajte se od kade da se najdat finansii za seto toa?
    Ti Makedonec so cekas od majka ti i tatko ti i da rabotis so tvojata plata prosecna od 300.00 evra sakas da mi kazes deka ke pratis moda?
    Da ama so nekoj si turski kvalitet, dokolku za original bi trebalo dobro da platis i do $2000.00 za zenska canta.
    Ve citam i ne mi se veruva… Draga Eli.. dokolku zborime za toa ti sto go narekuvas pocit do nekade te podrzuvam, no dokolku samite zeni/devojki imaat ist respekt sprema pojakiot pol. Eve da ne ti dojde zabluda bukvalno ke ti objasnam na sto mislam. Toa ti sto go baras e ne vozmozno zatoa sto ziveeme vo vreme na promeni.
    Kazi mi vaka sega kolku od tvoite drugarki flertuvale poradi pari, slava i slicno? Kolku vrski rasturaat takvite devojki? Dokolku baras dzentlamenti veke e recisi nevozmozno da gi pronajdes. Mnogu Maski srca zlatna se skrseni za tie da go imaat gestot na dzentlament.
    Ovie sto ti gi narekuvas ne znam kako, se samo del od toa da naprcat nesto sto tie go sakaat. Ovie promeni ne gi izmisli nikoj nego nekoja zena. Znaci postojat poveke sloevi na ljuge taka da najdobro e da baras onaa sto tebe ke ti odgovara. Kako sto rekov vo samiot moj tekst postojat poveke vidovi na ljuge i svakanja. I mene mi bese seto toa cudno pred 6 godini koga zaminav od Makedonija toa e normalna pojava taka da ne probuvaj da se zamaras so toa bidejki nema da mozes da go resis ovoj problem.
    Makedonski kazano sekoj lonec si ima kapak!

    Pozdrav Stive

  12. Zoran Reply

    *Коментарот е модериран поради користење навредливи зборови

    Ili pak decko i ja izvaral i zaminal so nekoj homosekualec !! *

  13. KATE Reply

    dobro be luge pa ne odlucuvate vie koj sto da bide,a i ne ve tera so sila nekoj da bidete vo drustvo na metroseksualci i dr a toa sto nekoj si stava pudra a tebe te nervira toa,toa ne e negov problem tuku tvoj.

  14. Bae Reply

    Драга Ели,

    не само што си ги помешала термините, туку и си се побиваш себе си и своите сфаќања. Прво велиш едно, па се контрираш, па пак се навраќаш на истото.
    Во твоето „За авторот“ пишува: „Обожува да биде опкружена со креативни луѓе кои гледаат „надвор од кутијата“, бидејќи и самата се смета за таква.“ Откако ја прочитав статијава, па оваа реченица, слатко се изнасмеав. Ти си затворена во кутијата и не гледаш ништо надвор од неа. Дека навистина е така докажува и бројот на негативни коментари кон твоево излагање. Не сум она што ти сметаш дека е едно исто (хомосексуалец, метеросексуалец), но понекогаш уживам да се дотерам и средам. А после тоа знам дека ќе имам повеќе шанси кај симпатијата и навистина имам.

Остави коментар