Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

Не постои најдобар метод на заштита од несакана бременост бидејќи секој од нив има свои позитивни и негативни страни. Исто така, самиот избор на соодветна заштита на вашето тело не е воопшто едноставен. Постојат многу работи на кои треба да мислите. За почеток, разгледајте ги сите можности кои ви се на располагање, вам и на вашиот партнер. А потоа добро е да разговарате и со доктор на оваа тема.

Методи на контрацепција и заштита од несакана бременост

Природен метод на заштита (методот на ритам)

Овој метод вклучува немање секс во одредени денови од месецот (кога се најголеми шансите да останете бремени). Жената која има редовен менструален циклус има околу 9 „критични“ денови секој месец во кои може да остане бремена. Овие плодни денови се околу 5 дена пред и 3 дена по овулацијата, како и за време на самата овулација.

За успешно да го употребувате овој метод, мора детално да го познавате вашиот менструален циклус. На тој начин ќе можете да предвидите кои денови сте плодни и тогаш избегнувајте да имате сексуални односи без дополнителна заштита. Но, не сите жени можат да се потпрат на овој метод. Оние кои имаат нередовен и непредвидлив циклус, подобро е да изберат друг начин на заштита.

Метод на повлекување

Овој метод на заштита подразбира повлекување на пенисот од вагината во моментите пред ејакулацијата. За да биде успешен потребна е огромна самоконтрола кај мажот. Доколку повлекувањето не е совршено темпирано, може дел од спермата да навлезе во телото на жената. Исто така, неодамнешните истражувања покажале дека предсемената течност може да содржи мал процент сперматозоиди, па поради тоа овој метод не се препорачува за време на оние неколку „критични“ денови од месецот.

Контрацептивен сунѓер

Контрацептивниот сунѓер е мека и округла направа со врвка за вадење. Тој е направен од полиуретанска пена која содржи спермициди кои ги убиваат сперматозоидите.

Пред сексуалниот однос, треба да го намокрите сунѓерот и да го наместите во внатрешноста на вашата вагина така што ќе го покриете грлото на матката. Тој ќе ве заштитува во наредните 24 часа, но не смеете да го вадите барем 6 часа по односот. Исто така имајте на ум дека мора да го извадите во рок од максимум 30 часа по нанесувањето.

Дијафрагма, капа или штит на грлото на матката

Овие три начини на заштита, исто како и сунѓерот, спаѓаат во методи на бариера, така што ги спречуваат сперматозоидите да стигнат до вашата матка.

  • Дијафрагмата е плитка „чашка“ направена од латекс.
  • Капата има форма на напрсток која исто така е направена од латекс.
  • Штитот е силиконска „чашка“ која има отвор од едната страна што предизвикува вшмукување и на тој начин го штити грлото на матката.

Дијафрагмата и капата можат да се најдат во различни големини и поради тоа потребно е да се консултирате со доктор за големината која ќе ви биде потребна. Што се однесува до штитот, тој доаѓа во само една големина и не ви е потребна консултација за употреба.

Пред вметнување на овие направи, мора да им додадете спермицид. Исто така, по сексуалниот однос тие мора да останат во вас од 6 до 8 часа за да се заштитите од бременост. Дијафрагмата треба да биде извадена во период од 24 часа, додека пак капата и штитот во период од 48 часа по нанесувањето.

Женски и машки презервативи

Женскиот презерватив се вметнува во внатрешноста на вагината. На тој начин се спречува спермата да навлезе во телото на жената. Тој е направен од тенка и флексибилна гума обложена со лубрикант. Овој презерватив може да биде нанесен и до 8 часа пред сексуалниот однос, но веднаш потоа мора да биде отстранет.

Машките презервативи се тенки обвивки кои се местат врз пенисот за да спречат навлегување на спермата во женското тело. Тие се најбезбедни доколку се употребуваат во комбинација со вагинален спермицид. Исто како и во случајот со женските презервативи, потребно е да употребувате нов презерватив после секој сексуален однос.

Чувајте ги презервативите на ладно и суво место, бидејќи во спротивно може да дојде до оштетување на латексот и до нивно кинење. Исто така, овие два начина на заштита не смеат да бидат употребувани во исто време.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Dobro sto se nacnale vakva tema, a moze vo idnina da se napise nesto i za sekuslano prenoslivi bolesti.

  2. anonima Reply

    Да постојат многу начини на контрацепција, меѓутоа во Македонија можете да најдете САМО
    машки кондоми
    пилули за контрацепција
    пилула утро потоа
    спирала

    спермициди, сунгер, цервијална капа, дијафрагма и сите останати, се нешто за што само читаме како дел од сексуално образование

  3. ana Reply

    – Prviot metod- VOOPSTO ne e precizen! duri i popreciniot TEMPERATURE METHOD za otkrivanje na plodni denovi ne e precizen!
    – Vtoriot metod- toa e ako SAKAS da ostanes bremena!!! spermatozoidi ima i pred ejakulacijata- toa e vekje opsto poznato!
    – Posledniot metod- toa apce se pie sto poskoto- najdocna do 24 saata za da bide efektivno!

Остави коментар