Метод „Зелен молив“: Научете ги децата да се фокусираат на вистинските нешта во животот!

Татјана Иванко е сопственичка на блогот real-parents.ru кој е посветен на детското воспитување. Таа решила да истражи како нагласените грешки влијаат на детската перцепција за светот. Нејзините размислувања се многу вистинити и логични. Во продолжение, прочитајте за каков метод станува збор…

Метод „Зелен молив“: Научете ги децата да се фокусираат на вистинските нешта во животот!

Ќерка ми немаше класично предучилишно образование. Јас самата работев со неа дома. Кога вежбавме пишување пред да тргне на училиште, нејзината тетратка изгледаше вака:

Метод „Зелен молив“: Научете ги децата да се фокусираат на вистинските нешта во животот!

Забележувате некаква разлика? Јас не ги означував нејзините грешки со црвено пенкало. Јас ги нагласував со зелено моливче оние букви и форми што беа точно напишани.

Нејзе тоа многу ѝ се допаѓаше и по секој испишан ред секогаш ме прашуваше: „Мамо, која буква е најдобра од сите?“. Беше многу среќна кога ја заокружував најдобрата буква со зборовите: „Совршено!“.

По што се разликува овој пристап од останатите?

Кога бележиме со црвено пенкало, ние се фокусираме на грешките. И на тој начин, што се задржува во вашата фотомеморија? Секако дека ги паметите погрешно напишаните букви!

Дали можете да ги забележите совршено напишаните букви покрај сите тие црвени кругови? Не!

Без разлика дали сакаме или не, ние потсвесно го паметиме она што е нагласено. Во методот „Зелен молив“, ние се фокусираме на она што е точно. Добиваме сосема поинакви емоции, поинаква перцепција. Потсвесно се обидуваме да го повториме она што било одлично направено. Станува збор за сосема поинаква внатрешна мотивација. Не се работи за обид за бегство од грешките, туку за обид да се направи нешто правилно.

Можеби се прашувате како нагласените грешки во тетратката влијаат на понатамошниот живот? Одговорот е очигледен. Уште од детството, ние сме навикнати да се фокусираме на недостатоците, на она што не е правилно, на она што изгледа погрешно и лошо. Тоа го учиме на училиште благодарение на црвеното пенкало, го учиме дома кога родителите ни го насочуваат вниманието кон она што сме го згрешиле, наместо да нѐ пофалат поради она што сме го направиле како што треба.

Оваа навика (да го истакнуваме лошото со црвена боја), која ја развиваме уште во детството и никако не можеме да ја извадиме од нашата свест кога ќе станеме возрасни, прераснува во најголемиот извор на незадоволство во животот. Фокусот им помага на нештата да растат и да се развиваат.

Сето тоа потекнува од детството. Сите наши навики и вештини што ги имаме како возрасни луѓе влечат корени од детството. А сите тие не се корисни и добри.

Ако го воведете методот „Зелен молив“ ќе забележите дека дури и да не му го одвлечете вниманието на детето од грешките, тие постепено ќе почнат да исчезнуваат сами по себе, бидејќи децата сакаат да дадат сѐ од себе и да бидат најдобри што можат.

Во продолжение дознајте која казна делува и на најнемирните деца.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар