Мешана салата со компир

Одличен лесен летен оброк, кој брзо се приготвува

Мешана салата со компир

  • 400 г компир
  • 250 г грашок
  • 100 г пченка
  • 2 свежи краставици
  • 1 кромид
  • сол (по вкус)
  • бибер (по вкус)
  • магдонос (по вкус)
  • маслиново масло (по вкус)
Начин на подготовка:

Сварете го компирот и исечкајте го на коцкички или на кругови. Грашокот и пченката исто така треба да ги сварите, да ги исцедите и да ги измиете со ладна вода. Кромидот исечкајте го многу ситно. Свежите краставици исто така исечкајте ги на тенки кругови или на коцкички.

Сите овие состојки, измешајте ги убаво во еден поголем сад и додајте ситно сечкан магдонос. Потоа посолете и ставете малку бибер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар