Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

Автор: Елена Тарчуговска

Не можеме без нив и не можат без нас. Факт е дека мажите знаат да направат да се чувствуваме прекрасно, но и да нè извадат од такт дотолку што очајно посакуваме барем една минута да бидеме во нивната глава за да ги разбереме. Но да се соочиме со реалноста: Разлики меѓу двата пола отсекогаш постојат, па секој обид да го промените однесувањето на вашиот партнер и да го поттикнете да размислува како вас би завршил неславно. Поради тоа во продолжение ви нудиме неколку примери и совети како да ги надминете комуникациските бариери и да изградите стабилен однос.

Менувам маж што гледа фудбал за шопинг во Солун

„Не знае да ме сослуша“

Ова е проблем кој го посочуваат голем број жени. Но, тука постои една генерална разлика меѓу двата пола. Мажите нудат решенија, а жените умеат да слушаат. Да речеме дека започнувате да му го раскажувате лошиот ден на работa и притоа се жалите од шефот и вработените. Додека го правите тоа, тој ве прекинува со разговорот „Па започни да бараш друга работа“. Ваквиот пристап, логично ве иритира бидејќи очекувате да ве ислуша и разбере, а не да ве пресече, наметнувајќи го неговото мислење. Колку и да се лутите, имајте на ум дека за мажите е карактеристично да бидат кратки и јасни, односно да понудат најдобронамерно решение, а за жените да ве тешат. Ако очекувате да слушнете „Срцка, кутрата ти, те разбирам, колешката ти е љубоморна“, направете кафе и уживајте во разговорот со вашата најдобра пријателка.

„Имаме редовен секс, а сè уште гледа порно филмови“

Порнографијата ја активира машката фантазија. Секој маж во компјутерот има филмови со порнографска содржина и вие не можете да му ги забраните. Едно истражување во Америка покажало дека 80% од мажите кои гледаат порно филмови се задоволни од сексот со нивната партнерка. Ако вашиот партнер е љубител на оваа сфера, не значи дека ве изневерува или пак повеќе не го задоволувате. Искористете го тој податок во ваша полза. Обидете се да извлечете од него кои актери, филмови и категории го возбудуваат. Пречекајте го во неговата соба, вклучете некоја од неговите омилени сцени и шепнете му на уво „Ајде да го пробаме ова“ – верувајте ќе ве обожува!

„Реагира на лајк на ФБ, а се лути кога правам љубоморни сцени“

Ниту мажите, ниту пак вие не сакате љубоморни сцени. Тука секогаш важи она правило – интересно е кога ќе увидиш дека не му е сеедно да те замисли со некој друг, но не и моментот кога таа замисла ќе ги премине границите. Ова е проблем кој подеднакво ги засегнува и двете страни. Нема доказ за тоа кој е пољубоморен, мажите или жените. Зависи единствено од тоа каква е личноста од другата страна и како вие ќе ги поставите работите во врската. Доколку без повод се сомнева во вас дадете му до знаење зошто греши и зошто токму тој вам ви посебен. Но, доколку ваквите напади се случуваат постојано, без основа – соочете се со вистината. Вашата врска не е стабилна, потребна ви е промена.

„Ме критикува дека премногу трошам“

Еден од најголемите брачни проблеми. Навистина жените трошат многу повеќе, а тука спаѓа не само гардеробата, туку и козметиката, накитот, украсите за домот и што ли уште не. Во секој случај имајте усул и договорете ја распределбата на семејниот буџет. Доколку сè уште не му е јасно, зошто ви е потребна толку многу гардероба, обидете се да му објасните дека во неговиот речник свечена прилика е одело, а во вашиот постојат повеќе прашања „Кој, каде и каква прилика“?  Уште едно познато правило е дека тој нема да ја напушти просторијата доколку момчето од соседната маса носи иста кравата, но ако вие се погодите во иста просторија со жена која носи ист фустан како вашиот, два пати ќе размислите каде да побегнете.

„Фудбалот му е поважен од мене“

Започнува кошмарот! Купивте карти за концертот на Каролина и едвај чекате да го проследите настанот, но тој во последен момент ви откажува за да се собере со другарите за да гледаат заедно фудбал. Издишете длабоко и не паничете веднаш. Договорете ги жените од друштвото, меѓу кои и девојките на неговите другари и отидете заедно на концертот, а мажите нека пијат пиво и нека уживаат во натпреварот. Овие собири кои и онака не се случуваат толку често, ќе го направат среќен и задоволен. Притоа и вие несомнено одлично ќе се забавувате таа вечер и ќе му докажете дека сте либерална и разумна личност, која е зрела и подготвена за врска во која постојат меѓусебна доверба и почит.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар