Ментална вежба со свеќа по која ќе се чувствувате посреќно

Ментална вежба со свеќа по која ќе се чувствувате посреќно

Ова е едноставна ментална медитативна вежба која ќе ви одземе само триесетина минути, но драстично ќе ви го подобри квалитетот на животот после тоа. Таа ќе ви помогне да ги согледате вашите приоритети во животот, колку тие ве прават среќни и како да се унапредите на секое поле.

Ментална вежба со свеќа по која ќе се чувствувате посреќно

1. Одвојте 30 минути за себе во просторија во која ќе бидете сосема сами и каде што ви е пријатно. Имајте со себе и подлога за медитирање, миризливи стапчиња, свеќа, дневник и што било кое ве опушта.

2. Запалете една свеќа. Ќе создадете амбиент дека сте на своето свето место. Таа ја симболизира светлината во вашата душа.

3. Дарма. Размислете за тоа како сте ги завршиле своите должности во текот на неделата. Дали и како сте му служеле на семејството, партнерот, пријателите и на себе? Си ги исполнивте ли своите должности? Одговорот запишете го во дневникот.

4. Арта. Што правевте во текот на изминатата недела за да го зачувате и унапредите своето здравје? Што било потребно да направите, што сте направиле и што се придобивките од тоа? И овој одговор запишете го во дневникот.

5. Кама. Што направивте за да почувствувате радост? Што е тоа што ви причини најголемо задоволство? Дали ги препознавте своите најголеми желби и дали ги остваривте? Запишете ги своите мисли.

6. Мокша. Дали почувствувате некакво ослободување во изминатиот период? Тоа сте можеле да го постигнете со медитација, читање, танцување или некоја активност која ви причинува задоволство. Дали успеавте во тоа? Што ви е потребно за да се ослободите? И ова забележете го во дневникот.

7. Разгледајте ги сите работи кои сте ги запишале и согледајте каков е соодносот меѓу нив. Дали има некој дел од вашиот живот кој е понагласен од другите? Дали напорно работите на едно поле додека ги запоставувате другите? Зошто е тоа така? Напишете како сте се чувствувале додека сте ги исполнувале вашите цели, односно дали сте биле исцрпени или задоволни.

8. Направете план за следната недела. Тоа можете да го направите за сите полиња поединечно или тоа може да биде некој генерален план. Прочитајте го планот на глас, затворете го дневникот, изгасете ја свеќата и посветете се на животот во наредната недела со новиот поглед на вашите приоритети.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар