Мелем за смирување кој помага побрзо да заспиете

Обидот да заспиете понекогаш може да биде тежок и безуспешен поради стресот. Токму кога ќе си легнете ви се јавуваат сите можни мисли на светот кои не ви дошле во текот на денот, а тоа е моментот кога стресот си го прави своето и ви носи несоница. Обидете се да се смирите со помош на овој мелем кој можете сами да го направите дома и потоа да го нанесете на некои делови од телото или само да го чувате покрај креветот и да му оставите на мирисот да си го одработи своето.

Мелем за смирување кој помага побрзо да заспиете

Потребни состојки:
  • една шолја кокосово масло
  • една шолја маслиново масло
  • една лажичка пчелин восок
  • етерични масла од лаванда, кедар, портокал, цимет и мајчина душица
Начин на подготовка:

Измешајте ги заедно кокосовото и маслиновото масло, потоа додајте им го и восокот и смесата ставете ја на тивок оган или во микробранова за сè добро да се растопи. Во друг сад измешајте ги сите етерични масла. Најдобро е да ставите по 50 капки од секое. Потоа измешајте ги првата смеса и мешавината од етерични масла, ставете ги во сад или повеќе мали садови според ваш избор и оставете ги да се изладат на собна температура. Со тоа мелемот е готов и потоа можете да го ставите покрај креветот да го шири својот мирис или да го користите за мачкање на телото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар