Мејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минути

Мејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минути

Да се биде мајка е тешка задача. Најчесто мајките немаат доволно време за себе, особено оние кои имаат бебиња, па кога треба да излезат некаде, едвај наоѓаат време да фрлат некое фино парче облека на себе. Во таква ситуација, за шминка многупати не може ни да стане збор, но со овие едноставни чекори, за само 5 минути можете да направите неутрален мејкап и да му дадете свежина на вашето изморено лице.

Мејкап-совети за мајки: свеж, неутрален изглед за само 5 минути

1 чекор: Подлога

Нанесете подлога за пудра на целото лице и почекајте пола минута кожата да ја впие. Доколку не користите класична подлога, можете да ја замените со лесна дневна крема за лице.

2 чекор: Коректор

Коректорот за подочници претставува нешто што ѝ е потребно на секоја мајка, посебно на оние кои имаат бебиња. Кога одбирате боја, гледајте таа да биде најслична на вашиот тен. Нанесете по една линија под очите, потоа со домалиот прст полека натапкајте ја во пределот под очите.

3 чекор: Течна пудра

За пудрата важи истото правило, гледајте нијансата да биде најслична на бојата на вашата кожа. Ставете по малку на двете раце и размачкајте по цело лице. Водете сметка да не останат линии на рабовите на лицето, тоа делува многу неуредно.

4 чекор: Руменило

За да постигнете свеж изглед, изберете руменило со бледо розова боја. Со четка нанесете го на јаготките, но не превисоко. Нанесете иста боја кармин или балсам за усни. Ефектот ќе биде неверојатен.

5 чекор: Маскара

За да го комплетирате изгледот, последното што треба да го направите е да ги истакнете трепките со маскара. Купете изразито црна маскара за подобар ефект и во три потези подготвени сте за излегување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар