Мејкап идеи: Гламурозни стилови кои мора да ги испробате оваа есен

Есента е најубавото годишно време за нова љубов, нови почетоци и планови, но и за испробување нови мејкап трикови. Во неа царуваат боите на златото, бронзата и кафеавите тонови. Тие се топли, а сепак во секоја од нив преовладува некоја мистичност. Погледнете ги и испробајте некои од нив во вашата шминка.

0-mejkap-idei-glamurozni-stilovi-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-esen-kafepauza.mk

1. Сребрена сенка

Погодна е за вечерни излегувања. Таа го отвора погледот, особено ако интензивните нијанси се нанесуваат на внатрешните агли на окото.

2. Усни во боја на црвено вино

Темните кармини се хит за оваа сезона, но бидете безгрижни и секогаш одберете го оној со мат текстура.

Models backstage at the Emanuel Ungaro Fall 2015 runway show during Paris Fashion Week

3. Сина сенка за очи

Но не онаа стандардната, бебешко сина нијанса, туку кобалтно сина, која совршено ќе го надополни секој ваш изглед.

2-mejk-ap-idei-glamurozni-stilovi-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

4. Нежно розови усни

Кој вели дека овие нијанси се резервирани само за летните денови? Понесете ја оваа „бонбон“ боја на усни уште вечерва, со една мала напомена – остатокот од шминката не треба да биде пренагласен.

A model prepares backstage at Michael Costello during Summer Spring 2016 New York Fashion Week

5. Сјајни црвени усни

Прва лекција за заводливост: црвените усни ќе бидат уште посовршени доколку се сјајни. Едно е сигурно – ќе ги мами момците за бакнежи!

3-mejk-ap-idei-glamurozni-stilovi-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

6. Зачадени мачкини очи

Совршен изглед кој одлично се вклопува во „даркерски“ стилови. За овој изглед да биде полн погодок, облечете што било од кожа – јакна, здолниште, панталони… Сигурни сме дека ќе ве следат погледи каде и да се појавите.

Backstage of Fay during Milan Fashion Week.

7. Цик-цак ајлајнер

Неконвенционално нанесениот ајлајнер е идеален ако сте одлучиле да одите на журка со електронска музика. На усните нанесете крем боја на кармин, за целото внимание да биде насочено кон вашите очи.

Anthony Vaccarello Fall 2015 RTW

8. Металик зачадени очи

Со малиот црн фустан не ви е потребно ништо друго освен елегантно нашминкани очи. Ваквиот изглед е идеален се за вечерно излегување, но и за дочекот на новогодишната ноќ.

4-mejk-ap-idei-glamurozni-stilovi-koi-mora-da-gi-isprobate-ovaa-esen-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар