Медена маска против акни и сува кожа

Медот е состојка во голем број козметички производи, бидејќи е ефикасен во борбата против брчките, акните и проблемите со сувата кожа. Овој сладок производ се користи во служба на убавината уште од многу дамнешни времиња, а во продолжение ние ви откриваме два домашни рецепти кои ќе ви помогнат да ја победите сувата кожа и да го спречите појавувањето на акни.

Медена маска против акни

Доколку имате сува кожа која често ви се перути, пробајте ја оваа маска направена од мед и јајца. Изматете едно јајце и додајте една голема лажица мед и убаво измешајте ги. Нанесете ја маската на вашето лице и оставете ја да делува 15-20 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода. Постапката повторувајте ја неколку пати неделно.

За да го спречите настанувањето на акни, директно нанесете една лажица мед на чиста кожа. Оставете го да отстои околу 15 минути, а потоа измијте го лицето со топла вода. За да се решите од акните, пред легнување можете да нанесете мед директно врз појавеното мозолче, а потоа прекријте ја со мало парче газа. Медот ќе го стерилизира местото околу мозолчето и ќе го спречи ширењето на бактериите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар