Мажите во брак одговараат: Во кој момент сфативте дека вашата жена е вистинската?

Само речете дека мажите не се романтични (со некои исклучоци)! Пред неколку дена на Редит било поставено прашањето: „Женети мажи на Редит: кој момент со вашата идна сопруга ве натера да помислите ‘да, оваа девојка ќе ја побарам за жена’?“

Ова прашање добива многу одговори, но ова се 10-те најромантични и најубави.

Мажите во брак одговараат: Во кој момент сфативте дека вашата жена е вистинската?

„Излегувавме веќе 3-4 месеци. Се држевме за раце по излегувањето од една продавница, и застанавме на работ на тротоарот. Одеднаш и двајцата скокнавме од тротоарот, исто како што правам уште од кога бев дете. Сега тоа редовно го правиме со ќерка ми. Ако сте сè уште дете во душата, најдете некој сличен на себе.“

„Кога се вселувавме заедно, ги отпакувавме нашите книги. Се повлеков неколку чекори назад откако завршивме со отпакувањето и сфатив дека имаме дупликати од нашите омилени книги. Паметам дека си помислив во себе ‘да, таа е вистинската’.“

„Бев во кино со големо друштво. Филмот беше глупав, но имаше само уште една личност која се смееше на оние нешта на кои и јас се смеев. Дознав која е таа, па излеговме. Продолживме да се смееме на сите погрешни нешта во животот. Во брак сме скоро 25 години. Сè уште се смееме кога никој друг не се смее.“

„Мојата сегашна жена, ја пееше и свиреше ‘Hey Jude’ на каучот на снаа ми, трет ден откако бевме во врска. Има навистина голем страв од јавен настап, но во тој момент знаев дека таа е вистинската. Шест години подоцна имаме прекрасен син по име Џуд (Jude), и оттогаш сме јас и таа против целиот свет.“

„Откако последните 6 години ги минав по патишта, останав во Денвер една година. Во меѓувреме бев и бездомник и добро платен работник. Мојата сосетка беше девојка со која навистина добро се сложувавме. Можев од мојот балкон да стигнам до нејзиниот и ноќите ги минувавме во разговор. Сепак, почнав повторно да чувствувам желба за авантура. Патиштата повторно ме привлекуваа. Се спакував и бев спремен да се збогувам. Таа ми рече да останам. Ако заминам отфрлам нешто навистина добро. Тоа ми го скрши срцето, но јас не бев создаден да живеам само еден живот во еден ист град. Како што ме гледаше како се оддалечував, очите ѝ се полнеа со солзи. Не поминаа повеќе од 6 часа кога почувствував желба да се вратам назад. Сонцето заоѓаше а црвеното небо изгледаше толку големо. Како универзумот да ми го покажуваше нејзиното срце, велејќи ми да го прифатам, и сè што чувствував во тој момент беше осаменост.

Можев или да го имам светот или да ја имам неа. Свртев назад и следното утро ја побарав за жена. Не можам да кажам дека зажалив. Ако некогаш се почувствував така само го погледнував мојот син. Го сакам откако се роди, пред 13 години. Бракот заврши, и не беше некој среќен брак. Сепак, мило ми е што тој ден се вратив назад.“

„Во моментот кога прв пат се бакнавме. Не беше бакнеж кој наликуваше на магичен момент. Ја бакнав на образот. Бевме на работа и уште немавме почнато да излегуваме. Зборувавме и јас се наведнав и набрзина ја бакнав на образот. Она што го почувствував не можам да го опишам со зборови. Нејзината насмевка и зајадливост поради лошо одбраниот момент ми ја разубави вечерта. Во тој момент знаев дека единственото нешто што ќе ме исполнува е гледањето на таа насмевка и слушањето на нејзината смеа што почесто до крајот на мојот живот.“

Мажите во брак одговараат: Во кој момент сфативте дека вашата жена е вистинската?

„Бев во спалната и се спремав за излегување. Ја слушнав жена ми (тогаш моја девојка), како извикува во дневната: ‘Ете што добиваш ако се заебаваш со Индијана Џонс, ти глупаку!’ Кратко по таа случка ја прашав дали сака да се омажи за мене. Мислам дека го гледаше Последниот крстоносен поход.“

„Сè уште не бевме венчани, но бевме свршени. Но еднаш бестрашно возеше со челични нерви низ најбизарниот сообраќај како од филмовите, без око да ѝ трепне. Точно тогаш знаев дека ги сакам нејзините гени во моето потомство.“

„Пред формално да ја запознам мојата сегашна жена, таа правеше колачиња за наш заеднички пријател кој свиреше во иста група со мене. Пробав од колачињата и зајадливо реков дека ќе се оженам со девојката која ги направила колачињата, нарекувајќи ја моја идна сопруга. По 6 месеци се запознавме а по 2 години ја побарав за жена.“

„Мојот татко почина. Возев 5 часа за да стигнам до друга земја каде беше погребот. Седев сам во хотелската соба, и мојата девојка ми се јави да ме праша како сум. Ѝ реков дека сум добар иако во себе бев скршен. Бев навистина близок со мојот татко. Зборувавме некое време па ја прекинавме врската. Не можев да заспијам, во 4 наутро некој ми тропна на врата. Бев малку исплашен, кој по ѓаволите може да ме бара во 4 наутро? Кога погледнав надвор ја видов мојата девојка и веднаш почнав да плачам. Девојка ми возела 5 часа среде ноќ затоа што знаела дека ми е тешко. Се држевме во прегратка остатокот од вечерта, а утрото заминавме на погреб.“

На крај, еден корисник прекрасно го сумираше својот впечаток од одговорите:

„Бидејќи скоро прекинав врска, си мислев дека ќе ми биде тешко да го читам ова. Но, наместо тоа гледам дека вистинската љубов постои, и дека ми е подобро надвор од таква врска. Благодарам Редит.“

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар