Мажите откриваат: 19 романтични начини на кои жените им покажуваат дека ги сакаат

Иако мажите и жените се навистина различни, има едно нешто што им е заедничко. Секој сака да биде посакуван од партнерот, без разлика колку долго е во врска. На Редит било поставено прашањето: Како вашиот партнер прави да се чувствувате љубено и посакувано? Момците не се плашеле да ги споделат нивните приватни приказни за искуствата во нивните врски.

mazhite-otkrivaat-19-romantichni-nachini-na-koi-zhenite-im-pokazhuvaat-deka-gi-sakaat-kafepauza.mk

1. Покажување ентузијазам!

„Можам да набројам неколку слатки примери, но сè се сведува на едно – таа и после 10 години ѝ пристапува на интеракцијата со мене со ентузијазам и искреност. Очигледно се грижи и тоа го покажува со секој нејзин збор и гест. Ниту еднаш немам почувствувано дека ѝ е сеедно за нашата врска.“

2. Изненадување со прегратки

„Постојано ме изненадува со прегратки, дури и кога се обидувам да направам нешто. Речиси секое утро ми прави чај бидејќи мене ме мрзи. Таа сака контакт со кожа и постојано ме прегрнува и ми ја краде топлината! Се разбира, и јас постапувам исто, но овие мали гестови прават да се чувствувам значаен за неа.“

3. Постојан контакт

„Секогаш ми ја подава рака за да ја фати мојата или ме фаќа под рака кога сме на шопинг, кога средува по дома, па дури и кога седиме и гледаме телевизија. Сакам кога ќе ми ја подаде раката и кога оди пред мене. Исто така сакам кога ќе ја фати мојата рака кога јас одам пред неа.“

4. Праќање пораки со Морзеова азбука

„Еднаш, уште кога бевме дечко и девојка, сопругата почна да ми ја стиска дланката. Кога ја прашав што прави, ми рече дека тоа било „Те сакам“ со Морзеов код. Ниту јас ниту таа не ја знаеме Морзеовата азбука и таа се шегуваше. Но, го правиме ова до денес.“

5. Заедничко глупирање

„Кога го местевме подот во нашата прва куќа на кој имаше широки и тенки штици, го искористивме бинарниот израз за „љубов“. На крајот излезе интересен, навидум случаен дезен на подот, па сега таа куќа секогаш ќе има љубов.“

6. Правење кафе

„Секогаш ме буди со шолја кафе во креветот. Знам дека кога сум направил нешто лошо не добивам кафе. Ова обично води до непријатен разговор во кујната… ги мразам тие утра.“

7. Утрински прегратки

„Оние мрзеливи утра кога ќе се разбуди, ќе ми посака добро утро и ќе дојде да ме прегрне. Можеби ќе се успиеме или пак, ќе лежиме во тишина. Како и да е, сака да е близу до мене, а мене ми се допаѓа тоа.“

8. Праќање сугестивни пораки

„Кога се немаме видено повеќе од една недела, ќе ми прати порака дека мисли на мене или нешто слично.“

9. Подигнување на самодовербата

„Јас бев машко што не ја соблекуваше блузата пред жена. После 2 години врска со жена која сметам дека е мојата друга половина, сфатив дека таа направи да се чувствувам поудобно во мојата кожа. Сето ова бидејќи таа прави да се чувствувам сакано.“

10. Поддршка

„Секогаш кога правам нешто, таа е овде за да ми помогне. Без разлика на сè, освен ако е навистина зафатена. Пред неколку денови работев на камионот, а бидејќи таа немаше што да прави едноставно седеше до мене и ми подаваше алати. Не можев да бидам позаљубен во тој момент.“

11. Мали љубезни гестови

„Ми праќа пораки само за да ми каже дека ме сака. Секогаш ме држи за нога кога возам. Сака да гледаме серии на лаптопот во креветот за да можеме да се гушкаме. Ми вели дека сака да го помине целиот ден лежејќи со мене секогаш кога преспива кај мене.“

12. Физички контакт

„Мојот љубовен јазик дефинитивно е допирот. Само што ќе ми допре на рамената, рацете или градите се чувствувам подобро.“

13. Слатки електронски пораки

„Секогаш ми праќа електронски пораки со работите што ги сака за мене. Како електронско љубовно писмо.“

14. Искажување на ценењето

„Зборовите се мојата силна страна, па навикнат сум повеќе да давам отколку да добивам. Но таа секогаш се обидува да ги искаже работите што ги сака кај мене. Денес добив порака во која ми се заблагодари за разговорот што го имавме пред некој ден и поради тоа што сум личност која започнува разговор. Тоа е навистина специфичен коментар, па знам дека е искрен.“

15. Чешкање на грбот

„Понекогаш ми го чешка грбот. Правиш вечера? Чешкање. Гледаш телевизија? Чешкање.“

16. Грижа за децата

„Ја дипли целата облека. Многу е подобра во организирање настани и координација. Многу е помотивирана да ја исчисти куќата. А најмногу од сè го сакам начинот на кој се однесува со нашите синови. Можеби понекогаш ја нервираат, но 99% од времето се насмевки и кикотење што ми го топлат срцето.“

17. „Пукање“ прсти

„Ми помага да си ги испукам прстите. Многу терапевтско.“

18. Будење

„Жена ми се буди во 5:45. Практично скока од креветот, го пушта кучето надвор, ги мие забите, ми прави кафе и почнува со вежбање. Кога ќе се разбудам во 6.00 секогаш ме пречекува шолја топло кафе. Мислам дека сум многу среќен и секој ден сум благодарен за тоа.“

19. Прегратка одзади

„Го сакам физичкиот допир и кога ќе ме прегрне одзади. Се чувствувам како најдоброто момче на Земјата.“

Дознајте и на кои начини мажите покажуваат колку ја сакаат жената покрај нив.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар