Мажи, во овие 7 ситуации постојано ги сфаќате жените погрешно

Постојат многу стереотипи за жените, a покрај оние за нивниот изглед и однесувања, со одредени реченици тие дури и им придаваат „друго“ значење. За некои луѓе да се биде атрактивен значи и да се биде глупав, а оние кои сакаат романтични комедии ги сметаат за плитки. Понекогаш изгледа дека комуникацискиот канал помеѓу мажите и жените е расипан, па токму затоа и настануваат овие погрешни сфаќања. И покрај тоа што следниве 7 ситуации се малку карикирани, сепак скоро секоја жена барем во една од нив сигурно ќе се пронајде.

Мажи, во овие 7 ситуации постојано ги сфаќате жените погрешно

1. Ако се љубезни и се насмевнуваат, тие сигурно флертуваат

Понекогаш за мажите и едноставниот пристоен разговор со жена која се смешка се сфаќа како флерт или додворување. Во најмала рака, тие веруваат дека таа е сигурно заинтересирана за романса.

2. Ако сакаат да разговараат за видео игри, тие всушност само сакаат да импресионираат

Кога жените разговараат со мажите на одредени теми кои тие ги сметаат за „свои“ многу често помислуваат дека поубавата половина само глуми или сака да ги импресионира.

3. Ако доживеале оргазам, сигурно не го одглумиле

Заслугите за оргазмот во сексот се припишуваат само на нив и сметаат дека жената во никој случај не би глумела.

4. Ако се емоционални или вознемирени, тие сигурно се во ПМС

Жените како никогаш да не смеат да бидат нерасположени и вознемирени поради премногу работа или пак, поради конфликт со блиските. Доколку мажите забележат дека тие се нерасположени, тогаш веднаш го обвинуваат ПМС-от.

5. Ако се премногу дотерани, тоа сигурно го прават за мажите

Жените се облакаат убаво за себе, па можеби понекогаш и поради нивните пријателки со кои сакаат да разговараат за најновите трендови, облеки или пак, попусти. Дури и доколку сакаат да му се допаднат на некој маж со облеката, ова не е единствената причина за одличниот аутфит.

6. Ако кажат „добро сум“ тоа значи „подготви се за ураган од емоции“

Понекогаш изјавата „добро сум“ не мора да значи пасивно-агресивна комуникација. Ви гарантираме.

7. Ако се насмеат на бебето на нивната пријателка, сигурно сакаат дете

Тие со сигурност не се обидуваат индиректно да комуницираат, туку едноставно го кажуваат своето мислење за малото слатко бебенце. Кога тие ќе посакаат да преминат на друго ниво со вас, вие ќе бидете првите што ќе дознаете.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Matja Reply

    Oblakaat ne e gramaticki izraz

Остави коментар