Мартини тортички

Едноставни тортички со вкус на Мартини… Мартини тортичкиПотребни состојки:

  • 75 г путер
  • 160 г брашно
  • 160 г шеќер
  • 1 и пол ќесичка прашок за пециво
  • прстофат сол
  • 120 мл бело Мартини
  • 3 јајца

За филот потребно е:

  • 200 г бело чоколадо
  • 200 г крем сирење
  • џем од јагоди
  • 1 дозерка бело Мартини
  • путер по потреба

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека не станат пенести. Додадете ги брашното, прашокот за пециво и солта. Потоа додадете и Мартини и мешајте додека смесата не се соедини.

Јајцата скршете ги така што ќе ги одделите жолчките од белките. Жолчите додадете ги во смесата, а белките матете ги посебно додека не добиете пена. Потоа и белките додадете ги во смесата и матете ги сите состојки додека не се соединат. Истурете ја смесата во калапи и печете ги тортичките 20 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги тортичките да се оладат, а во меѓувреме подгответе го филот.

Стопете го белото чоколадо на пареа, а потоа оставете го малку да се олади. Крем сирењето измешајте го со малку путер и додадете го чоколадото. Матете со миксер додека не добиете мек и густ крем. Од кремот нанесете на секоја тортичка. Една дозерка Мартини измешајте со џем од јагоди. Со овој прелив завршете ја декорацијата на тортичките. Добар апетит!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар