Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт

Меки воздушести слатки со вкус на пеперминт – одлични за потопување во топлите зимски напитоци како топло чоколадо, какао и секако, кафе

Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт

Потребни состојки:
  • 240 мл ладна вода
  • 20 грама желатин
  • 280 грама шеќер
  • 240 мл пченкарен сируп
  • 1 лажичка екстракт од пеперминт
  • Црвена боја за храна (опционално)
  • 1 прстофат сол
  • 45 грама шеќер во прав
Начин на подготовка:

1. Во сад за матење ставете ½ од водата и во неа сипете го желатинот одозгора. Оставете го да лебди на површината на водата додека го подготвувате останатото.

2. Во среден сад за готвење измешајте го остатокот од водата, шеќерот, пченкарниот сируп и солта и загревајте го на средна температура. Мешајте додека не се разложат состојките. Засилете ја температурата до 115 степени Целзиусови. Најдобро е да користите термометар за слатки во овој процес. Штом ја достигне потребната температура, тргнете го садот од огин.

3. Мешавината од вода и желатин почнете да ја матите со миксер на слаба брзина. Внимателно истурете ја другата мешавина со шеќерот додека миксерот сè уште ви работи. Додадете го екстрактот од пеперминт. Сега засилете ја јачината на мисксерот до средна брзина и матете 6 минути додека да добиете пенеста смеса.

4. Во едно тавче напрскајте шеќер во прав. Додајте неколку капки црвена боја доколку одлучивте да ја употребите и оваа состојка. Сипете тенок слој од маршмелоу кремот во тавчето, а потоа со врвот од нож промешајте по дното за да ја распоредите бојата насекаде. Додадете го и остатокот од кремот, потоа уште неколку капки од бојата за готвење и повторно промешајте со врвот од ножот но овој пат површински. Пропрскајте одозгора со шеќер во прав и оставете го да преноќи.

5. Следниот ден исечете го стегнатиот маршмелоу крем на коцки и сместете ги во непропустлива кутија во која можете да ги чувате до две недели.

Останува да уживате во вистински интересниот вкус на маршмелоу коцките. Тие се одличен додаток за топлите напитоци, но и лесен десерт после ручекот.

Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт Маршмелоу коцки со вкус на пеперминт


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар