Маникир тренд на Инстаграм: Цвеќиња на вашите нокти

Само што ќе помислите дека трендовите за убавина не можат да бидат полуди, на Инстаграм се појавува следниот интересен маникир. Сукулентите на ноктите е можеби најоткачениот и најинтересниот маникир досега, затоа што цветните дизајни се во 3Д форма. Кога австралиската уметница Роз Борг пронашла начин да ја пренесе нејзината љубов спрема хортикултурата на ноктите, таа создала маникир како никој до сега. Всушност, таа создава жива уметност со лепење растенија на нејзините нокти.

Маникир тренд на Инстаграм: Сукуленти на вашите нокти

Бидејќи веќе зад себе има прекрасни накити направени од сукуленти, за Борг креативниот растителен свет не е непознат. Но, без сомнение предизвика шок на Инстаграм кога започна да објавува фотографии од мали сукуленти поставени на нејзините нокти. Иако ова делува како непрактичен дизајн, сепак, кога станува збор за нешто ново и иновативно, заслужува внимание.

Маникир тренд на Инстаграм: Сукуленти на вашите нокти

Борг објаснува дека сакала да се обиде со оваа техника затоа што тоа е нешто што досега не било видено. Откако по пребарувањето на Гугл не пронашла никакви резултати, таа се одлучила да се обиде самата.

„Луѓето се счудоневидени кога ќе сфатат дека тоа се живи растенија, а не 3Д скулптури“, вели Борг. „Некои луѓе го сметаат ова за одвратно, но повеќето го сакаат!“

Маникир тренд на Инстаграм: Сукуленти на вашите нокти

Користејќи лепило за цвеќиња, таа ги нанесува сукулентите на вештачки нокти пред да ги закачи на своите сопствени. Целиот процес трае околу еден час за една рака.

Маникир тренд на Инстаграм: Сукуленти на вашите нокти

Оваа уметност бара големо внимание, прецизност и трпение. Замислете колку труд е потребно за да го задржите растението во добра состојба додека го лепите на вашите нокти. Дури и да одите во салон за маникир и да сакате да изберете мини градина за вашите прсти, тоа ќе биде чудно. Па, сега засега останува само да ѝ се восхитуваме од далеку на работата на Борг.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар