Мали зимски совети кои можат да ви го спасат животот: Еве како треба да возите по снег и мраз

Мали зимски совети кои можат да ви го спасат животот: Еве како треба да возите по снег и мраз

Кога снегот ќе го зафати регионот, без зимска опрема не треба да помислите да тргнете на пат. Ова се неколку важни препораки за возење по снежно време и подмрзнати патишта.

mali-zimski-soveti-koi-mozhat-da-vi-go-spasat-zhivotot-eve-kako-treba-da-vozite-po-sneg-i-mraz-kafepauza.mk

1. Пред да го стартувате автомобилот во зимските денови, задолжително прво треба да ги исчистите снегот и мразот од кровот и од стаклените површини, да го проверите уредот за греење, и да се погрижите секогаш да ви биде наполнет резервоарот со гориво, бидејќи во случај на застој на патот нема да можете да се загреете.

2. Зимската опрема се состои од зимски пневматици на погонските или на сите четири тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, како и ланци кои се монтираат по потреба.

3. Не е лошо во зимски услови да имате мала лопата, малку песок, старо ќебе, метличка за чистење стакло, спреј против замрзнување на стакло и спреј за брави.

4. Кога има снег и мраз на патот, најдобро е да возите под малку гас и со мала брзина. Најважно е да не правите нагли движења со воланот или кочницата, а ако е потребно да се намали брзината, кочете моторно, односно префрлете во пониска брзина, внимателно за да не се заниша возилото. Во тие моменти треба да заборавите на ножната кочница, особено кога возилото има задно влечење.

5. Во текот на возењето по длабок снег, воланот треба да го држите право, за предните и задните тркала да имаат ист правец на движење.

6. Ако автомобилот ви „шлајфува“, треба да се обидете со движење наназад, а ако не успеете така, тогаш под тркалата треба да ставите песок, гранки, крпи и сл.

7. Доколку во зимски услови останете на пат заради дефект или застој на патот, а немате доволно гориво, со помош на обична свеќа температурата во автомобилот можете да ја подигнете и до 10 степени Целзиусови.

8. Пред да стане уште поладно, во бравата на автомобилот ставете глицерин со помош на пипета или стар шприц за инјекции.

9. Навечер повлечете го саугот, за наутро полесно да го запалите автомобилот, но не тргнувајте веднаш, туку по 10-тина секунди за да се создаде доволно притисок маслото да помине до сите места за подмачкување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар