Мали задоволства за кои вреди да се живее

Мали задоволства за кои вреди да се живее

Не е потребно многу за да бидете среќни. Погледнете кои се малите задоволства во животот, кои речиси секогаш ќе успеат да измамат насмевка на вашето лице.

Мали задоволства за кои вреди да се живее

1. Седењето на плажа. Ги гледате брановите, слабо ветренце струи во воздухот, а вие не размислувате за ништо и едноставно уживате во моментот.

2. Бебенце кое случајно ви заспало в скут. Мора да признаете дека нема нешто послатко од бебиња кои спијат. Ве обзема некое пријатно и хармонично чувство, кое не сакате да заврши.

3. Одморање во омилената фотелја после напорен ден на работа со шолја кафе или чај. И секој коментар е излишен. Друго ништо не е важно.

4. Седење дома со саканиот/саканата во петок вечер, уживање во омилената пица и гледање добар филм. Не постои подобар начин за почеток на викендот.

5. Кратко патување со тато. Мал излет, прошетка низ планина или само долго возење со вашиот татко навистина исполнува.

Мали задоволства за кои вреди да се живее

6. Будење со мирис на свежо мелено кафе. Со таков почеток на денот, знаете дека сѐ ќе биде во ред.

7. Сладолед. Сладоледот е врвно уживање без разлика на временските услови. Ве прави среќни и задоволни, без разлика колку ви бил утепан денот.

8. Добивање подароци од роднини. Добивањето убава чоколада или бонбониера од роднини што случајно решиле да ве посетат може многу да развесели.

9. Гледање на виножитото. Само што помисливте дека нема ништо позитивно во мрачното и дождливо време, блика сонце и се појавува прекрасно виножито, кое го враќа духот на сите разочарани луѓе на земјата.

10. Слушање на ‘What a Wonderful World’ од Луис Армстронг. Колку и да сте депресивни, лути и нервозни, оваа песна ќе ве потсети на сите добра нешта во светот и ќе направи да сфатите колку прекрасен животот навистина е.

Мали задоволства за кои вреди да се живее


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар