Мали трикови со кои навистина можете да заштедите пари

Мали трикови со кои навистина можете да заштедите пари

Сакате да купите нова чанта, неопходни ви се патики за пролет, а баш неодамна сте виделе фустан кој изгледа прекрасно, кој не ви е во моментов потребен, но мора да биде ваш? А оние фармерки што се на попуст? Единственото прашање во оваа ситуација е кој ќе го финансира сето тоа. Некој дефинитивно ќе ви каже дека треба за почнете да штедите, но тоа за вас воопшто не е лесно. Како да заштедите кога од сите страни ве мамат ситници кои баш во тој момент мора да ги имате? Единствено, да не излегувате од домот. Но, да заштедите воопшто не е тешко доколку знаете како. Тоа воопшто не мора да биде некоја голема сума, туку секојдневно зачувувајте по малку, а на крајот од месецот ќе се изненадите од резултатот.

1-mali-trikovi-so-koi-navistina-mozhete-da-zashtedite-pari-www.kafepauza.mk_

1. На пример, наместо секое утро да трчате во омилената кафетерија по вашата доза кофеин, едноставно направете си кафе сами. Можеби уживањето не е исто, но кафето си е кафе! Еднаш неделно можете да се почестите со „специјална“ течност, но во текот на останатите денови разбудете се малку порано и уживајте во домашната атмосфера.

2. Понатаму, она што исто така можете да го правите сами е да ги подготвите (барем понекогаш) вашите дневни оброци. Многу ќе заштедите доколку на работа понесете свој сендвич или јадење/салата кои самите сте го подготвиле, наместо да давате пари по скапи ресторани. Повторуваме, можеби не секој ден, но обидете се почесто да го правите тоа.

3. Сами можете да си ги лакирате и ноктите! Дури и ако инвестирате пари во квалитетен лак за нокти, повторно ќе поминете поевтино отколку секоја недела да одите на маникир.

4. Набавете каса и собирајте го ситниот кусур што досега ве нервирал во паричникот, па секаде сте оставале „дебел“ бакшиш. Заборавете на таа каса, а кога ќе дојдат „црни денови“ , ете ви мало богатство.

2-mali-trikovi-so-koi-navistina-mozhete-da-zashtedite-pari-www.kafepauza.mk_

5. Сетете се кога сте биле студент. Пред да излезете во град, пиете една пијачка дома, па во градот купувате само една пијачка.

6. Водете сметка за вашите сметки. Внимавајте кога и колку трошите електрична енергија, навикнете се на евтината тарифа и така натаму.

7. Дали некогаш сте размислувале да ги продадете работите кои не ви се потребни? Целата таа облека која сте ја облекле еднаш, а потоа сте заборавиле на неа, продајте ја и ќе добиете инстант заработка.

3-mali-trikovi-so-koi-navistina-mozhete-da-zashtedite-pari-www.kafepauza.mk_

8. И кога сме веќе кај (не)рационалното купување, пред да тргнете во шопинг, направете листа која ги содржи само оние најосновни и најпотребни парчиња облека и држете се до неа. Контролирајте ги вашите трошоци. Размислете два пати во моментот кога сакате импулсивно да купите нешто. Сетете се дека сакате да заштедите пари и држете се до тоа.

9. Исто така, освен од шопингот, можете да заштедите и на некои социјални активности, како на пример, одете на прошетка, наместо во кафуле на пијалак. Трчајте во паркот, наместо во теретана. Размислете за секој ваш ден и она што го правите и лесно ќе сфатите што можете да исфрлите од својот распоред, а да ставите во паричникот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар