Мала чоколадна тортичка која се подготвува за само 5 минути

Денес изненадете ги најблиските со овој брз, едноставен и вкусен десерт

Мала чоколадна тортичка која се подготвува за само 5 минути

Потребни состојки:
  • 4 супени лажици брашно
  • 2 супени лажици бел шеќер
  • 2 супени лажици какао
  • 3 супени лажици растително масло
  • 3 супени лажици млеко
  • 3 супени лажици чоколадо, исечкано
  • 1 јајце
Начин на подготовка:

Во еден мал сад или голема шолја турете ги брашното, шеќерот и какаото и измешајте добро. Потоа додајте ги јајцето, маслото и млекото и мешајте сè додека целосно не се комбинираат. Внимавајте да не оставите суви состојки на дното. За крај додајте го и чоколадото и мешајте сè додека не се распространи подеднакво. Ставете ја смесата во микробранова на јако околу 2 и пол минути. Тортата може да порасне и повисоко од садот или шолјата, но не грижете се бидејќи таа ќе опадне откако ќе ја отворите вратата. Сервирајте веднаш. Добар апетит.

Мала чоколадна тортичка која се подготвува за само 5 минути

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар