Магија од вкусови: Чоколадна торта од палачинки со вкус на портокал

Ако сте љубители на палачинките, овој рецепт е совршен за вас

Магија од вкусови: Чоколадна торта од палачинки со вкус на портокал

Потребни состојки:
  • 125 грама брашно
  • 250 милилитри млеко
  • 7 јајца
  • 2-3 лажички ванилин шеќер
  • 2 лажички путер + 30 грама путер
  • 250 грама кокосово масло
  • 300 грама црно чоколадо
  • 250 грама шеќер
  • 2 лажици ликер од портокал
  • 100 грама павлака
  • Кора од портокал, изрендана
Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги брашното, млекото, 3 јајца и ванилинот шеќер и мешајте сè додека не добиете мазна смеса. На тава, претходно намачкана со путер и загреана, почнете да ги правите палачинките така што ќе одвојувате по околу 1/8 од тестото за секое парче. Печете околу 1 минута, а потоа свртете ја палачинката и продолжете уште 30 секунди. Повторете го ова и за останатите 7 палачинки.

Растопете го маслото од кокос на оган и потоа исечкајте 150 грама од чоколадото и додајте го во маслото заедно со 4 јајца, 200 грама шеќер, изренданата кора од портокал и ликерот. Варете на кратко, со постојано мешање, а потоа тргнете го од ринглата. Оставете ја смесата да се олади, а потоа поставете една палачинка, намачкајте ја со неа, па над неа наместете уште една палачинка и продолжете да го правите ова сè додека не ја наредите 7-та. Кога ќе завршите, притиснете ги со нешто палачинките и потоа оставете ги саат време во фрижидер.

За да ја направите глазурата, измешајте ги павлаката и путерот, а потоа ставете ги на оган. Откако ќе се стопат, тргнете ги од ринглата, исечкајте го преостанатото чоколадо и растопете го во павлаката. Откако малку ќе се олади, во тенџере ставете 50 милилитри вода и 50 грама шеќер, зовријте го и потоа измешајте го со смесата. Со добиената мешавина прелијте ја тортата од палачинки.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар