Магична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот

Станува збор за едноставен рецепт за освежување и вкусен пијалак кој е идеален за меѓу оброците, како и за појадок или вечера, а направен е од состојки кои докажано делуваат позитивно врз вашиот тен, регулирање на телесната тежина и намалување на целулитот.

Магична комбинација која ги брише брчките, килограмите и целулитот

За оваа напивка ќе ви бидат потребни:

Јогурт – совршено делува на маснотиите во телото и го регулира варењето на храната со помош на добрите бактерии кои благотворно влијаат врз дигестивниот систем.

Боровинки, јагоди, капини, малини и рибизли – моќни антиоксиданси кои се преполни со витамин Ц, кој го поттикнува производството на колаген, ја негува кожата и го чува имунитетот.

Ѓумбир – ја подобрува циркулацијата, ја затегнува и подмладува кожата, ги олеснува грчевите и ја отстранува болката во мускулите.

Банана – содржи огромни количини калциум кој го регулира задржувањето вода во организмот, а со тоа и го намалува насобирањето на целулитот под површината на кожата.

Начин на подготовка:

Во блендер сипете го ладниот јогурт (околу 200 милилитри), а по желба додајте и неколку коцки лед, со цел дополнително да го освежите пијалакот. Додајте ја вашата омилена комбинација овошја (на пример, една рака шумско овошје и една банана), а потоа добро измешајте и веднаш сипете во чаша. Поради силниот вкус, со ѓумбирот не треба да претерувате, па токму затоа отсечете дел кој е со големина на нокот од палец. Во напивката можете да додадете и свеж лист нане или малку цимет и мед. Можете слободно да комбинирате и бадеми.

Направете ја комбинацијата по ваш вкус и имајте на ум дека треба да го испиете овој пијалак веднаш по правењето.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар